Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево, околу 14 часот се случила на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање.
Од СВР – Штип информираа дека во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.

Според првичните сознанија од терен, во сообраќајната несреќа дошло до директен судир на патнички автомобили фолксваген и пежо, при што кај едното возило избувнал пожар и тоа целосно изгорело.
На терен е екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, а увид на местото на несреќата прави екипа од Полициската станица во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.