Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прошири својот возен парк со уште едно ново возило, кое е четврто по ред во единицата. Се работи за теренски четирицикл, односно таканаречено АТВ возило, кое поради алармантната состојба веднаш беше испратено на терен, првично во Пехчево, а во иминатите два дена во атарот на селото Пресека.
За комплетирање на возилото со противпожарна опрема, односно со пумпа и резервоар, потребни се дополнителни финансиски средства, со кои Друштвото не располага. Поради тоа пожарникарите волонтери упатуваат повик до сите граѓани, институции и правни лица да помогнат со свои донации.

-Колку побрзо се соберат парите и се изврши надградба, дополнително ќе се зголеми оперативноста и ефикасноста на возилото. Во интерес на времето, доколку сте во можност, помогнете средствата да бидат обезбедени, истакнуваат од ДПД – Кочани.
Донациите може да се направат на трансакциската сметка на ДПД – Кочани со број 300050000186807 во Комерцијална банка.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.