Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 17:32
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани

Граѓаните, семејствата и членовите на Здружението „16 март 2025 Кочани“ повторно излегоа на улиците во Кочани на 49. „Марш за ангелите“, одбележувајќи точно една ипол година од трагичниот пожар од чии последици животот го изгубија 63 млади луѓе.

Поворката, како и вообичаено, започна од Паркот на Револуцијата во Кочани, по што учесниците поминаа покрај Управата за јавни приходи, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани.

На протестниот марш, во име на родителите, со емотивен и остар говор се обрати Валентина Христова, мајка на младиот Павел Христов кој го загуби животот во пожарот во „Пулс“. Таа потсети дека поминаа 18 месеци исполнети со празни соби, фотографии наместо прегратки и родендени без нивните деца.

-Само два дена пред овој марш, од одбраната на Дејан Јованов – Деко слушнавме дека притворот не можел да продолжи „освен ако не се измисли ново кривично дело“ и дека, ако имало друго дело, досега ќе имало постапка. Во исто време се нуди и имот како гаранција за негово излегување од притвор. И токму зборот „гаранција“ денес особено боли. Денес слушаме за имот како гаранција за нечија слобода. А ние, родителите, прашуваме: кој им ја гарантираше безбедноста на нашите деца кога влегоа во „Пулс“? Нашите деца ги дадоа своите животи како цена за систем во кој гаранциите за нивната безбедност останаа само на хартија. И токму затоа ова за нас не е прашање на одмазда. Не одлучуваме кој треба да биде во притвор. Не одлучуваме кој треба да биде на слобода.  Тоа е работа на Судот. Но бараме нешто што на нашите деца не им беше обезбедено: законот да биде гаранција. Гаранција дека ниту еден пропуст нема да остане непроверен. Дека ниту една незаконитост нема да биде премолчена, истакна Христова.

Во својот говор, таа нагласи дека родителите бараат темелна истрага за сите неразјаснети прашања во врска со трагедијата.

-Не бараме ништо да се измисли. Бараме да се истражи она што веќе е пред нас. Лиценцата. Реконструкцијата и пренамената. Контролите. Парите. Концертот. Пиротехниката. Капацитетот. Дојавите. Целиот синџир што овозможил ‘Пулс’ да работи така – сè до ноќта кога нашите деца не се вратија дома. Нашите деца не беа должни пред да излезат да проверуваат лиценци , дали објектот е кабаре или диско-клуб, дали има доволно излези за евакуација, дали објектот е изграден и реконструиран со материјали што ги исполнуваат пропишаните стандарди за ваков објект,  дали пиротехниката е пријавена. Не беа должни да го знаат дозволениот капацитет. Не беа должни да проверуваат дали институциите си ја завршиле работата. За тоа постојат сопственици, одговорни лица и институции, додаде Христова.

Мајката на загинатиот Павел Христов порача дека борбата за правда и вистина нема да запре сѐ додека законот не важи поддеднакво за сите и не се обезбеди одговорност, со цел ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На почетокот на јули на Пониква ќе се одржи вториот национален Камп за млади информатичари
Кочани

Бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика со натпревари и вредни награди за сите ученици во Македонија организира „Бистри умови“

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 10:05
0

Здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ од Кочани четврта година по ред овозможува целосно бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика, наменети за учениците од четврто...

прочитај повеќе
Општина Кочани ќе го награди најуспешниот оризопроизводител во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Кочани

Општина Кочани објави оглас за избор на најуспешен оризопроизводител – наградата изнесува 60.000 денари

автор: Т. Ајтовски
15 септември, 2026 12:28
0

Во рамките на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2026“, Организацискиот одбор при Општина Кочани го објави јавниот оглас за избор на најуспешен оризопроизводител во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 16, 2026 - сре
Кочани, MK
20°C
неколку облаци
неколку облаци
1 m/s, WNW
49%
762.07 mmHg
wed09/16 thu09/17 fri09/18 sat09/19 sun09/20
-/18°C
чисто небо
24/14°C
неколку облаци
25/16°C
облаци
26/17°C
облаци
24/16°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?