Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Една деценија „се градат“ катна гаража, сообраќаен мост на Кочанска Река и јужен булеварски влез во Кочани

автор: Т. Ајтовски
29 декември, 2025 17:58
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Една деценија „се градат“ катна гаража, сообраќаен мост на Кочанска Река и јужен булеварски влез во Кочани

Иницијативите за изградба на инфраструктура со која ќе се растовари и во голем дел може да се реши сообраќајниот метеж во Кочани не се нови. Веќе една деценија граѓаните слушаат ветувања, но најважните од нив сѐ уште не се реализирани.

Запишани во предизборните програми и најавувани на почетокот од секој мандат на градоначалниците, проектите беа споменувани како приоритетни, но состојбата на терен останува иста.

Воведувањето надомест за паркирање, изградбата на кружни текови што потоа беа претворени во „полукружни“, како што во шега ги нарекуваа граѓаните, менувањето на насоките на движење на возилата од север кон југ и обратно, не ја променија значително сликата за хаосот што и понатаму останува актуелен. А најавите на досегашните први луѓе на Општината изгледаа ветувачки.

-Изградба на катна гаража во централното градско подрачје кај поштенската зграда. Ќе се изгради катна гаража во која би се паркирале одреден број на возила. Од тоа би се намалил сообраќајниот метеж во сообраќајот во централното градско подрачје, најави градоначалникот Ратко Димитровски.

-Ќе понудиме нов начин на регулирање на сообраќајот во Кочани. Преку изградба на сообраќајни мостови кај џамијата, Монополски Бавчи и во населбата Оризари. Исто така, во нашата програма имаме предвидено изградба на катна гаража, со цел да се регулира паркирањето по градот, вети и градоначалникот Николчо Илијев.

-Доаѓа новата иднина со новите мостови и кеј на Кочанска Река. И новиот прекрасен парк Локубија. Новиот јужен влез на градот и новата катна гаража во центарот, промовираше во предизборието градоначалникот Љупчо Папазов.

-Со гордост можам да кажам дека од 1 јануари интензивно стартуваме со изградба на ветениот јужен булевар, потисниот цевковод и мостот на Кочанска Река помеѓу улиците „Вера Которка“ и „Лазар Андонов“. Општина Кочани подготвува урбанистичка документација за изградба на катна гаража, како и за поставување на урбана опрема – платформи за паркирање, рече градоначалникот Владко Грозданов во неодамнешното предновогодишно обраќање на седница на општинскиот Совет.

Десет години можеби и не се многу за решавање на виталните урбанистички и сообраќајни проблеми во едно населенo место. Особено ако се гради мост или комплетно нов булевар.

Сепак, оние кои се родиле во периодот кога проектите првпат беа најавени, денес се ученици во основно образование, оние кои биле средношколци веројатно се на факултет во други градови во земјата или странство, а голем дел од возрасните граѓани кои тогаш биле учесници во сообраќајот, можеби сега живеат во други држави. Оние кои останаа овде и понатаму ги имаат истите проблеми.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мостопштина кочанисообраќајсообраќајна инфраструктура

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
20°C
облаци
облаци
3 m/s, ENE
42%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/13°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/6°C
одвоени облаци
19/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?