Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за раскинување на Договорот за концесија на вода за изградба на мали хидроелектрични централи.

Барањето е упатено затоа што на 7 март 2026 година официјално заврши рокот што Владата му го даде на концесионерот „ЕНЕРЏИ ЛУКС“ ДООЕЛ – Штип за почеток на изградбата на малата хидроцентрала (МХЕЦ) „Блатешница“.

Со тоа жителите на Блатец, организирани преку својата Месна заедница, уште еднаш цврсто застанаа во одбрана на својата река, спречувајќи каков било обид за започнување на градежни активности. Во барањето се наведуваат серија битни повреди на законите и договорот, кои според жителите, се доволен основ за итен раскин на концесијата.

Еден од клучните аргументи на Месната заедница е дека концесионерот воопшто не ја спровел законски обврзувачката постапка за оцена на влијанието врз животната средина. Иако договорот е потпишан во 2012 година, увидот во официјалните документи покажал дека таква постапка не постои во архивите на надлежните институции.

-Концесионерот воопшто не започнал постапка за оцена на влијанието врз животната средина, иако тоа му било обврска согласно членот 11 од Договорот за концесија, но и согласно Законот за животна средина, стои во барањето потпишано од претседателот на Месната заедница, Миле Марков.

Наместо тоа, инвеститорот своеволно изработил само Елаборат за заштита на животната средина, за кој жителите тврдат дека нема правен основ и не ги заменува законските процедури.

За 1.300-те жители на Блатец, реката Блатешница не е само хидропотенцијал, туку единствен извор на живот. Документацијата открива шокантен факт: елаборатот на концесионерот воопшто не го регистрира постоењето на локалниот водовод.

-Нашиот водоводен систем се наоѓа во делот од речното корито кој би бил целосно или во најголем дел сув, па ние сериозно би се соочиле со проблем во водоснабдувањето, алармираат жителите.

Покрај правото на чиста вода за пиење, на удар се и земјоделските површини. Во изминатиот период, државата инвестирала огромни буџетски средства во овој регион:

  • Над 1.000.000 евра за Тиролски зафат за вода за пиење.
  • Над 1.000.000 евра за систем за наводнување со бетонски цевковод.
  • Над 500.000 евра за изградба на селскиот јаз кој поминува низ центарот на селото.

Сите овие инвестиции, вкупно вредни над 2,5 милиони евра, би биле залудно потрошени доколку се дозволи изградба на хидроцентралата, бидејќи речното корито би останало без потребниот капацитет на вода.

Правната битка на жителите добива на тежина и со фактот дека Одобрението за градење на концесионерот веќе не е важечко. Одобрението издадено во 2015 година, согласно Законот за градење, престанало да важи на 13 август 2025 година, бидејќи градбата не била завршена во рок од 10 години.

Градоначалникот на општина Виница, Мирко Костадиновски, веќе издал известување до концесионерот дека „секое преземање градежни дејствија ќе се смета за бесправна градба согласно Кривичниот законик“.

Жителите на Блатец порачуваат дека нема да отстапат ниту чекор назад, а додека го чекаат официјалниот одговор од Владата и од министерствата, тие остануваат на стража покрај својата река.

-Остануваме како и до сега – концентрирани, посветени и единствени за да успееме. Стоп за градба на хидроцентрала на реката Блатешница, затоа што таа е живот, а не бизнис, додаваат од Месната заедница – Блатец.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: блатецмини хидроцентрала

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
15°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
53%
770.32 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?