Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Жителите на Блатец остануваат против изградба на мини хидроцентрала на реката Блатешница, добија поддршка од Советот на Општина Виница

автор: Т. Ајтовски
27 август, 2024 12:04
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Жителите на Блатец остануваат против изградба на мини хидроцентрала на реката Блатешница, добија поддршка од Советот на Општина Виница

Жителите на Блатец веќе седум години ја водат правната битка против изградбата на малата хидроцентрала на реката Блатешница, која им е главен извор за снабдување со вода за пиење. Сметаат дека при донесувањето на одлуката за издавање на концесијата во 2015 година и давањето одобренија за градење на објектот, владините институции го занемариле фактот дека не се испочитувани сите законски одредби за тоа.

Во 2017 година Месната заедница организираше голем протест и блокада на патот во близина на православната црква “Св. Илија“ во Блатец. Пред две години од Општина Виница информираа дека ќе иницира одземање на одобрението за градба, затоа што истекол рокот во кој требало да почнат градежните активности.

Повторното актуелизирање на проблемот е поради тоа што Владата, на неодамнешната 7. седница, му го продолжила рокот за комерцијална работа на инвеститорот на локацијата за хидроцентралата до крајот на оваа календарска година. Поради тоа, членовите на Здружението за подобрување на квалитетот на животот во Блатец поднесоа барање за поддршка од Советот на Општината, потсетувајќи на главните аргументи против изградбата.

-При доделувањето на концесиијата за оваа хидроцентрала не се земени предвид, односно се занемарени  многу причини што се против градбата. Не е изработена адекватна студија за оправданоста за изградба, ниту пак е консултирано месното население, односно не е направена јавна дебата. Тоа се две клучни работи што се прескокнати, но и покрај тоа е издадена концесија за градба, со изговор дека оваа хидроцентрала ќе го подобри енергетскиот систем на Македонија. Се работи за мала хидроцентрала од 606 киловати, што е незначителна количина на електрична енергија која нема битно да го подобри квалитетот на енергетскиот систем, а ќе направи поголема штета на месното население, истакна Благој Анакиевски, член на Здружението за подобрување на квалитетот на животот во Блатец.

За да може да функционира, хидроцентралата ќе ја зафаќа водата во реката Блатешница и ќе ја спроведе во цевка со должина од три километри, што ќе предизвика еколошка катастрофа, оценуваат жителите на Блатец. Освен тоа, на трасата каде што ќе поминува цевката се наоѓа и зафатот за водоводот во селото, поради што се сомневаат дека ќе останат без вода за пиење, односно ќе се нарушат подземните текови и ќе дојде до пресушување на чешмите или заматување на водата.

Барањето на Здружението доби едногласна поддршка од присутните членови на Советот на Општина Виница на 45. седница, но остана отворена дилемата дали се исцрпени сите правни можности и мерки против градбата на објектот. Жителите се заканија дека остануваат на своите ставови и се подготвени и на поригорозни постапки за да не дозволат никакви градежни активности.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: блатецмини хидроцентрала

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе
Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница
Култура

Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница

автор: Т. Ајтовски
5 јануари, 2026 21:14
0

Прогласување на најдобрите творби и доделување на наградите од литературно-ликовниот конкурс „Божикна магија“ и Божикен концерт на учениците од Школата за гитара организираа Домот на културата „Тошо Арсов“...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 19, 2026 - пон
Кочани, MK
-2°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, ENE
63%
774.82 mmHg
mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22 fri01/23
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
слаб снег
5/0°C
слаб снег
5/3°C
облаци
8/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?