Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“, а што се реализираше со поддршка од Амбасадата на Германија.

Пред претставниците од образовните институции во општина Кочани беше нагласено дека проектот се одвиваше во две фази во соработка со македонскиот Црвен крст и со Комората на психолози.  

-Со свои тимови од 30-тина психолози спроведе 23 обуки за прва психолошка помош во средните и основните училишта, и во детската градинка „Павлина Велјанова“ каде што беа опфатени сите наставници, целиот наставен кадар како и техничкиот персонал. Во втората фаза ние од Доброволното противпожарно друштво, заедно со Црвениот крст од Кочани спроведовме две различни обуки – прва помош и практично и теоретско предавање за користење на противпожарни апарати и за нивната намена. Во сите овие обуки се опфатени ученици од средните училишта, околу 1.100 ученици од прва до четврта година, како и наставниот и техничкиот кадар на овие две училишта, околу 150 професори и технички кадар, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.

На завршната свеченост на проектот присуствуваше и амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер која истакна дека постои поврзаност меѓу граѓаните на двете држави, а тоа е потребата за солидарност.

-Иако директно не сме погодени, сепак има една врска којашто нѐ поврзува, а тоа е врската на човечноста којашто нѐ потсетува дека одговорноста не завршува на границите на еден град или на една држава или пак не завршува кај надлежностите на една институција. Тоа е врската којашто нас нѐ оспособува, ни дава можност да бидеме солидарни, да можеме заедно да погледнеме кон иднината, без да заборавиме, но повторно со волја, со стабилност, со надеж и со храброст да сакаме да изградиме нешто. Токму тоа е нашиот германски придонес, да се создаде простор во којшто ќе биде можно да се зборува за она што тежи, за она што притиска, да може да се подредат чувствата и да се прифати помошта, истакна амбасадорката Дрекслер.

Германската амбасадорка додаде дека и по завршувањето на овој проект соработката и поддршката ќе продолжат.

На свеченоста свои искуства од активностите во изминатиот период споделија и учесниците во проектот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амбасада на германијадоброволно противпожарно друштво - кочаницрвен крст - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот
Кочани

Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот

автор: Т. Ајтовски
13 февруари, 2026 12:42
0

Општина Кочани денеска ја одржа најавената јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 (Текешински Лозја и околината) од ГУП за град Кочани за планскиот период...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
7°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, W
96%
744.06 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
слаб дожд
7/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?