Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

За да профункционира железничката линија до Кочани потребна е електрификација на пругата?

автор: Т. Ајтовски
16 октомври, 2024
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
За да профункционира железничката линија до Кочани потребна е електрификација на пругата?

Поминаа три ипол години откако железничката станица во Кочани е опустена и не доаѓаат ниту патници, ниту возови. Патничкиот воз на релацијата Скопје – Кочани овде за последен пат беше виден во април 2021 година. Пероните на станицата се напуштени, а граѓаните користат други видови превоз, што за волја на вистината се побрзи и поефикасни.

Според официјалното известување што за Канал 8 го дадоа од Акционерското друштво за железнички транспорт неколку месеци по прекинот на сообраќајот,  релацијата кон Кочани не била опфатена со измените во возниот ред поради тогашните мерки со Ковид состојбата и спроведувањето на полицискиот час. Иако сите превентивни мерки и ограничувања во врска со пандемијата веќе се заборавија, патничкиот воз не се врати на редовната линија.

Дополнително, како една од причините за прекинот на патничкиот превоз по железничката линија кон Истокот, беше наведен дефектот на локомотивата чие сервисирање се најавуваше да заврши пред три години. Во меѓувреме стана очигледно дека во прашање се сосема други причини за тишината на железничките станици и постојки на правецот од Велес кон Кочани.

При денешната посета на Велес, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски доби новинарско прашање дали се размислува за повторно активирање на пругите кон  Кичево и Кочани.

-На линијата Скопје – Тетово – Кичево за жал во моментов нема сообраќај, имајќи предвид дека не е електрифицирана, а дизел локомотивите се скапа работа за одржување. Истата приказна е и со Штип – Кочани. Тоа е една од работите коишто ги работиме со „Македонска железница – Инфраструктура“ – целосна електрификација на постојните пруги, затоа што во моментов економска каква-таква исплатливост има само за Коридорот 10, којшто е целосно електрифициран, истакна Николоски.

Засега во Министерството за транспорт нема план ниту за набавка на нови возови и локомотиви, туку се планира постојните да се репарираат и да се стават во функција. Во меѓувреме изнајмени се четири воза од Србија, но тие нема да се користат за превоз на патници, туку за карго транспорт.

Од одговорот на министерот може да се заклучи дека поради високите трошоци за електрификација и обновување на пругата, по шините кон Кочани уште долго нема да помине воз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јп „македонски железници“возжелезничка станицаминистерство за транспорт

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството
Кочани

Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството

автор: Т. Ајтовски
19 мај, 2025
0

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци почна со реализација на проектот „Паметен соларен пчеларник“ чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство...

прочитај повеќе
„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“
Кочани

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 19, 2025 - пон
Кочани, MK
10°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNE
82%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/10°C
неколку облаци
22/11°C
облаци
22/15°C
чисто небо
23/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?