Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

За исфрлање отпад на депонијата во Кочани соседните општини ќе плаќаат по 220 денари од кубен метар

автор: Т. Ајтовски
5 февруари, 2025 15:27
во Кочани, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Комуналната депонија кај Бели се полни со отпад, на одделни места повторно чади

– Комуналните претпријатија од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево кои собраниот отпад го исфрлаат на депонијата во Кочани, во иднина на кочанското комунално претпријатие ќе му плаќаат по 220 денари за кубен метар.

Висината на надоместокот денеска ја договорија градоначалниците од четирите општини во регионот, при што потпишаа и меѓусебен договор. Со тоа треба да се надмине проблемот околу обезбедувањето финансиски средства за третман и уредување на просторот на депонијата кај селото Бели.

Според договорот Општина Кочани, преку КЈП „Водовод“, ќе презема активности за управување со депонијата, согласно членот 28 од Законот за управување со отпадот, на начин  што нема да се дозволи расфрлање на отпадот. Количините на депонираниот отпад ќе се утврдуваат на дневна основа на самата депонија, според носивоста на возилата. Средствата треба да се уплатат во рок од 15 дена од денот на приемот на извештаите на сметката на комуналното претпријатие, кое пак ќе изготвува месечен извештај што ќе го доставува до општините потписнички на договорот.

-Од општина Зрновци ќе се депонира најмала количина отпад, односно на неделно ниво има во просек по околу пет кубни метри. Треба да се има предвид дека на теренот на нашата општина при самото собирање и складирање на отпадот се прави селекција на пластика и хартија, а резултат на тоа се помалите количини отпад. Наша обврска, со потпишувањето на договорот, е надоместокот за исфрлање на отпадот навремено да го плаќање, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

-На територијата на општина Виница просечно дневно се собираат по околу 25 кубни метри отпад, што значи дека на месечно ниво на депонијата кај Кочани се исфрлаат по околу 620 метри кубни. Овој износ е релативен и зависи од повеќе фактори, односно од сезоната, динамиката на собирање и слично, истакна Миле Петков, градоначалник на Виница.

Обврска на комуналното претпријатие „Водовод“  редовно да го собира отпадот и да го расчистува просторот во депонијата, со што ќе се спречи негово расфрлање во околината и ќе обезбеди одржување на јавната чистота. Исто така, обврска на Општина Кочани ќе биде обезбедување на 24-часовна чуварска служба на депонијата. Доколку во меѓувреме произлезат прашања коишто не се предвидени со потпишаниот договор, тие дополнително ќе се уредуваат со анекс.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијаопштина виницаопштина зрновциопштина кочаниопштина чешиново - облешевоотпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
13°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NNW
63%
766.57 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?