Здружението ,,Еднакви за сите” – Кочани, вечерва во салата на Мултикултурниот центар го реализираше завршниот настан од проектот ,,Подобро општество за слепите лица во Кочани”.
На настанот свои точки имаа слепите лица при што имаа сценски настап, а со свои рецитали и афоризми се претставија и членовите на Литературниот клуб ,,Копнеж”. На сцената беа презентирани резултатите од седуммесечните активности што ги спроведуваа учесниците.

-Целта на овој проект е да ги мапираме проблемите на слепите лица во општина Кочани и да има поголема социјализација и едукација за нив. Најголем проблем е тоа што нема соодветни патеки по кои можат да се движат слепите лица. Како еден вид решение на проблемот се тактилните патеки кои што веќе постојат во некои држави, истакна Тина Соколовска, координаторка на проектот.
Градоначалникот Љупчо Папазов во своето обраќање истакна дека ова е содржина со која почнува одбележувањето на празникот на градот, Петровден.

-Општина Кочани ги подржува овие активности и секогаш ќе дава максимслна поддршка за да се подобри и животот на слепите. Проектот се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (Reload), која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува програмата за развој на ОН (УНДП), кофинансирана од Општина Кочани, истакна Папазов.
Настанот беше искористен и да се искаже сестраната поддршка на слепите и слабовидните лица од нашата општина, како и да се дадат препораки за подобрување на комуникацијата и соработката со локалните институции.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.