Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2026 10:54
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори

Во рамките на нејзината официјална посета на Кочани, амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, ја посети ЈОУ библиотека „Искра“, каде што официјално беше отворено Холандско катче. Катчето е формирано со донација од литературни дела од познати холандски автори преведени на македонски јазик, наменети и за деца и за возрасни.

Кочани е третиот град во Македонија, по Скопје и Кавадарци, во кој Холандската амбасада отвора вакво посебно катче за промоција на холандската книжевност и култура.

-Денес донираме 100 книги. Можеби не звучи многу, но мислам дека е многу добар почеток, особено кога знам дека во вашата библиотека имате речиси 100.000 книги и документи. Библиотеките се многу посебни места — како ќерка на наставник, голем дел од моето време имам поминато во библиотеки и мислам дека тие се навистина место на знаење и буквално носат светлина – „Искра“. По Скопје и Кавадарци, се надевам дека ова ќе биде место каде што луѓето ќе доаѓаат да најдат знаење, но и да научат нешто повеќе за Холандија преку овие книги. Се надевам дека тие не само што ќе отворат прозорец кон Холандија, туку ќе изградат и мост меѓу Холандија и Кочани, рече амбасадорката Џанел.

Директорката на Општинската библиотека „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, изрази благодарност за донацијата и истакна дека ова катче има големо значење за збогатување на библиотечниот фонд и за зближување на локалните читатели со холандската литература.

-Како Библиотека ни претставува особена чест и задоволство што денешната официјална посета амбасадорката на Холандија ја искористи и за посета на нашата институција. Добивме литературни дела на холандски автори преведени на македонски јазик коишто се веќе изложени во нашата библиотека. Станува збор за дела од познати автори, за возрасни и за деца. Денешната посета за нас претставува збогатување на нашиот библиотечен фонд и еден вид на мост на соработка и културна размена, при што нашите читатели и локалната заедница ќе имаат можност да се запознаат со холандските автори. Благодарност за посетата и за донацијата на книги коишто се од големо значење за нас, рече директорката на „Искра“..

Во рамките на свеченото отворање на катчето, амбасадорката Џанел ѝ врачи на директорката Атанасова официјална меморијална плочка со цел да биде поставена покрај Холандското катче, како траен белег за потеклото на книгите и пријателството меѓу двете средини.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амбасада на холандијабиблиотека „искра“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На стадионот „Никола Мантов“ почна меѓународната програма „KNVB Worldcoaches“ – Фудбалот како алатка за животни вештини и поддршка на младите
Кочани

На стадионот „Никола Мантов“ почна меѓународната програма „KNVB Worldcoaches“ – Фудбалот како алатка за животни вештини и поддршка на младите

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2026 09:27
0

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани официјално започна четиридневната меѓународна програма „KNVB Worldcoaches – Фудбал за животни вештини“, реализирана од Кралската холандска фудбалска федерација со поддршка од...

прочитај повеќе
Општинска делегација положи свежо цвеќе на спомен обележјата во Кочани по повод 11 Октомври
Кочани

Општинска делегација положи свежо цвеќе на спомен обележјата во Кочани по повод 11 Октомври

автор: Администратор
11 октомври, 2026 10:03
0

По повод 85-годишнината од почетокот на македонското  востание, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов со делегации од Советот на Општина Кочани, претставници на Сојузот на здружението на борците...

прочитај повеќе

„АЛФА ГРАДБА“ – ДУП КРУШАРСКО МААЛО

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 14, 2026 - сре
Кочани, MK
8°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNW
73%
768.82 mmHg
thu10/15 fri10/16 sat10/17 sun10/18 mon10/19
неколку облаци
17/7°C
одвоени облаци
14/5°C
облаци
13/2°C
чисто небо
15/4°C
чисто небо
17/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?