Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Земјоделците чии посеви настрадаа од поплави и град во 2023 година сѐ уште чекаат обесштетување

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Земјоделците чии посеви настрадаа од поплави и град во 2023 година сѐ уште чекаат обесштетување

Сопствениците на земјоделски површини што во јуни и јули 2023 година беа зафатени од поплави и врнежи од град, а посевите им беа целосно уништени, сè уште не добиле обесштетување.

Според извештаите, односно елаборатите што ги изготви Комисијата за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделски посеви на подрачјето на Општина Кочани, од поплавите настрадале близу 12 хектари главно засеани со пипер и пченка, а проценетата штета изнесува нешто повеќе од 2,3 милиони денари. Обилните врнежи од град пак, зафатиле површина од 82 хектари, во најголем дел засеани со пченка, пипер, ориз и лозја, а вредноста на штетата е проценета на околу 8 милиони денари.

За извештаите на Комисијата се дискутираше на денешната седница на Советот на Општина Кочани, при што беше нагласено дека поради нова методологија што е донесена од Владата, направено e раздвојување на проценките за штетите од двете елементарни непогоди.

-Ваквото раздвојување има мала нелогичност, затоа што поплавата е на 23 јуни, а на 23 јули има елементарна непогода од град. За моментот на афект од водената стихија, а потоа и штетата од градот, потребно е да помине одреден период за да се видат последиците. Така налага методологијата, но во интерес на земјоделците, за што побрзо да добијат обесштетување, нема да се допишуваме со комисијата на Владата, туку одиме со раздвојување на одлуките, за побрзо да ги добијат средствата. Претходно Советот изгласа одлука за збирен извештај за штетите од поплавите и од град заедно. Елаборатите се изработени од наша страна, а колкав процент ќе се исплати во однос на тие елаборати одлука донесува Комисијата за процена на штети при Владата, истакна Зоран Зафиров, претседател на Комисијата за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделски посеви на подрачјето на Општина Кочани.

По доставувањето на извештаите за земјоделските штети од елементарните непогоди до владината комисија за проценка, одобрените финансиски средства од државниот буџет треба да се префрлат на сметка на Општината, а дури потоа таа ќе може да ја изврши исплатата кон земјоделците. Кога и во колкав износ целата постапка ќе се комплетира, за сега е непознато.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: градземјоделско земјиштеопштина кочанипоплави

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството
Кочани

Трутово млеко за јакнење на здравствениот имунитет – во Зрновци почна проект за подигање на профитабилноста на пчеларството

автор: Т. Ајтовски
19 мај, 2025
0

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци почна со реализација на проектот „Паметен соларен пчеларник“ чија главна цел е да се создадат услови за профитабилно пчеларство преку производство...

прочитај повеќе
„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“
Кочани

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 19, 2025 - пон
Кочани, MK
10°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNE
82%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/14°C
неколку облаци
22/11°C
облаци
22/15°C
чисто небо
23/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?