Дипломираниот правник Игор Христов, актуелен претседател на општинската организација на СДСМ, е кандидат за градоначалник на Кочани за што доби поддршка со акламација од членовите на партијата.
-Човек што работи со правото, а ја сака правдата. Професор докажан во својата професија, со евидентно работно искуство во образованието, граѓански активист и со интернационални спортски достигнувања. Поборник на социјалдемократските вредности, но пред сѐ искрен, посветен и трудољубив човек со практицирање на ред и дисциплина. Со вклучување на сите локални чинители и граѓани, со дела, а не зборови, заздравување на Кочани во прогрес за здрав, мирен и безбеден живот на кочанчани, се истакнува во образложението од ОО СДСМ – Кочани за кандидатурата на Христов.
47-годишниот Христов е професор во СОУ „Љупчо Сантов“, каде во еден период беше и директор. Вљубеник е во борењето, а пред две години стана меѓународен судија од втора категорија.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






