Кандидатот од коалицијата на СДСМ за градоначалник на Кочани, Игор Христов на прес-конференција упати благодарност до граѓаните кои ја дале довербата за неговата предизборна програма, како и за поддршката на кандидатската листа за членови на Советот на Општината.
-Ја користиме оваа прилика да ви се заблагодариме затоа што во неделата масовно излеговте на локалните избори и што гласовте, особено на оние коишто ја дадоа довербата за мене, како кандидат за градоначалник на Општина Кочани и за нашата советничка листа предводена од коалицијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Приложивме проекти за брз развиток, динамичен развиток и за модерно Кочани. Се надеваме дека гласавте за чесни, вредни, способни и одговорни луѓе со вредности. Оваа прилика ја користиме да го честитаме мандатот на сите оние советници коишто влегоа во Советот на Општина Кочани, особено на нашите советници. Да ве информираме дека нашата борба не завршува овде, туку со нашите избраници ќе дејствуваме во Советот на Општината за реализација на нашите проектни активности. Загрижен сум за општина Кочани, но се надевам дека граѓаните ќе изберат луѓе со разум, со одговорност и со љубов кон општината. На кандидатите за градоначалник коишто влегоа во вториот круг да им посакаме среќа и успех, а на нашите сограѓани да им порачаме повторно проевропски да излезат на изборите и да ја дадат довербата на оној кандидат за којшто ќе сметаат дека ќе ги реализира проектите на најдобар можен начин. Да живее Кочани, да живее Македонија, рече Христов.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






