Каратистите на карате клубот „Кочани“ добија нова просторија каде ќе ги реализираат тренинзите.
На свеченото отворање беше осветена новата сала која е опремена со сите услови за тренинг на една ваква боречка дисциплина, а тренинг центарот се наоѓа во близина на наплатниот пункт на ЕВН.
Младите каратисти ги изучуваат карате вештините со долгогодишниот тренер, Игор Каров.
-Во оваа просторија ќе работиме многу подобро, а се надеваме дека и тоа што ќе го постигнеме овде, ќе го реализираме на терените. Исто така, во тек е и уписниот рок, а имаме најава и за нови 15 членови. Оваа сала ќе може да собере поголем број членови, а ќе работиме од понеделник до петок. Моите каратисти ги е подготвуувам и за настап на Државното првенство во карате „Куп на Македонија“ што ќе се одржи на 31 август во Охрид, истакна Каров.
Повод за отворање на новата просторија е 25-годишното успешно работење на клубот кој во моментот има 25 членови, со тенденција да се зголеми со уписниот рок што веќе е во тек.
Каров додаде дека главната задача на секој традиционален карате стил е да создаде комплетно психофизички здрава личност која ќе биде општокорисна за целата околина во која живее и работи.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.