Каратистот Филип Стојанов, член на карате клубот „Партизан“ од Кочани, заедно со другите млади каратисти од Репрезентацијата на Македонија денеска отпатуваа за Венеција, Италија. Таму ќе учествуваат на Светското првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21-годишна возраст, што ќе се одржи од 09 до 13 октомври.
На ова Светско првенство нашиот каратист ќе настапи во категоријата кумите јуниори +76 кг. каде конкуренцијата е огромна бидејќи учествуваат само прваците на државите во категориите во кои настапуваат.
На Првенството е најавено учество на над 1000 натпреварувачи од сите држави во светот.
Според распоредот, Стојанов својот настап ќе го има в четврток. ИПТВ Канал 8 му посакува добар настап и висок пласман.

Каратистите на КК „Партизан“ вчера постигнаа нов успех, освојувајќи 6 медали на 41. Меморијален меѓународен турнир „Никола Грдановски Нике“ чиј организатор беше карате клубот „Металург“ од Скопје. Нашиот клуб го претставуваа 5 каратисти во категоријата кумите и тие освоија вкупно четири медали во поединечна и два медала во екипна конкуренција.

Второ место и сребрен медал во категоријата кумите до 40 кг за каратисти родени 2013-2014 година освои Божјидар Трајчев, а неговиот клупски колега Јован Арсов во кадетска конкуренција исто така беше второпласиран и се закити со сребро во категоријата кумите +70 кг.
Божјидар Трајчев освои и бронзен медал во категоријата кумите до 35 килограми за каратисти родени 2013-2014 година, а ист успех и трето место освои и Владимир Трајков во категоријата кумите за кадети до 63 кг.

Кадетскиот тим во во состав Дамјан Арсов, Јован Арсов и Владимир Трајков освои второ место, додека кумите тимот од каратисти родени 2013-2014 година, во состав Јован Прошев, Божјидар Трајчев и Дамјан Арсов го освои третото место и бронзениот медал.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.