Младиот каратист Филип Стојанов од КК „Партизан“ – Кочани, заедно со другите членови на македонската карате репрезентација, ќе учествува на Европското првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што викендов ќе се одржи во градот Бјелско Бјала во Полска.
На државниот изборен турнир, што во средината на декември минатата година се одржа во Скопје, тој ја потврди доминацијата во својата категорија. Имаше три победи и ниту еден пораз, со што го освои првото место во категоријата кумите јуниори +76 кг, со што обезбеди место во репрезентацијата за турнирот на најдобрите во Европа.

Од Стојанов се очекува добар настап на Европското првенство, односно по освоените сребрен и бронзен медал од Балканското првенство и од силен меѓународен турнир што во октомври и ноември се одржаа во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Минатата година, исто така, беше дел од македонската карате репрезентација на Светското младинско првенство во Венеција, Италија.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.