Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Компанијата Амфенол Технолоџи Македонија го вработи триилјадитиот работник

автор: Т. Ајтовски
27 мај, 2024 11:47
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Компанијата Амфенол Технолоџи Македонија го вработи триилјадитиот работник

Компанијата Амфенол Технолоџи Македонија од Кочани денеска го регистрираше вработувањето на триилјадитиот работник, со што двојно го надмина очекуваниот број на работници од почетокот на формирањето.

Последна во евиденцијата на вработени во една од најголемите компании во Источниот регион е 25-годишната Моника Стојанова од Кочани, на која на пригодна свеченост ѝ беше доделено признание и парична награда.

-Остручена сум во областа на телекомуникациите и ангажманот во Амфенол е мое второ вработување. Во оваа компанија веќе има вработени кои се членови на моето семејство, имав непосредни информации за условите за работа, така што решив да станам дел од големиот тим, истакна Стојанова.

Раководството на кочанскиот производен гигант е задоволно од досегашниот развој и успесите на компанијата, нескромно најавувајќи дека целта е бројот на работници да продолжи да се зголемува, а со тоа да остане меѓу најголемите извозници во државата.

-За нас ова е еден многу важен и голем ден, затоа што успеавме да ја исполниме целта што си ја поставивме пред извесен период, да стигнеме до бројка од три илјади вработени. Заедно со раководниот тим и другите вработени, кои се најзаслужни за досегашниот напредок, стигнавме до овој редок успех. Кога почнувавме нашата цел беше да стигнеме до илјада и петстотини работници, а тој број сега е двојно поголем. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и наскоро ќе одбележиме ангажирање на три ипол, па и на четири илјади вработени, истакна Сашко Наков, директор на Амфенол Технолоџи Македонија.

Пред два месеца компанијата од Кочани отвори нов капацитет во кој се произведуваат кабли за уреди во медицината, што беше една од можностите да го зголеми бројот на вработените.

Амфенол Технолоџи Македонија почна со работа во октомври 2013 година како американска браунфилд инвестиција, а во почетокот се произведуваа кабли за антенски системи и за автомобилската индустрија, по што производната програма стана поразновидна. Со вкупен приход од околу десет милијарди денари и добивка од над 350 милиони денари, пред две години таа се вброи меѓу најголемите 30 компании во државата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
13°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NNW
63%
766.57 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?