Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Комуналната депонија кај Бели се полни со отпад, на одделни места повторно чади

автор: Т. Ајтовски
1 февруари, 2025 18:26
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Комуналната депонија кај Бели се полни со отпад, на одделни места повторно чади

Снимките од височина на комуналната депонија кај селото Бели, направени денеска во доцните попладневни часови, ја покажуваат реалната ситуација во која таа се наоѓа.

Еден ипол месец по прекинот на протестот и блокадата на граѓаните, овде  секојдневно отпад исфрлаат возила на комуналните претријатија од Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Евидентно е дека локацијата, со површина од околу 4 хектари, интензивно се полни, откако кон крајот на октомври минатата година беше направена нејзина „генералка“ со уредување и рамнење од страна на градежната механизација на американско-турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“’.

Проширувањата на депонијата што беа направени тогаш, веќе се исполнети со отпад, а може да се забележи дека на одделни места повторно се појавува чад. Иако и понатаму овде има ангажирано лица кои го контролираат влегувањето и излегувањето на комуналните и други камиони, факт е дека не е целосно избегната можноста од недозволено навлегување и потпалување на отпадот од страна на неовластени лица.

На средината од депонијата се забележуваат купишта земја со кои на одделни временски периоди се врши затрупување на отпадот. За ова, во недостиг на сопствено специјализирано возило, кочанските комуналци ги користат услугите од приватна компанија. Разбирливо, тоа мора и да се плати. Со оглед што комуналните претпријатија од трите соседни општини сѐ уште не плаќаат надомест за користење на депонијата за исфрлање на сопствениот отпад, со оправдување дека цената за тоа им е превисока, засега целата операција ја спроведува КЈП „Водовод“.

Најавите дека в понеделник во Министерството за животна средина во Скопје ќе се разговара и преговара за евентуално намалување на цената, го оставаат отворено прашањето дали ќе се постигне некаков компромис. И дали евентуалното намалување на цената може да значи и проретчување на уредувањето на депонијата поради намалениот обем на средства?

До изградбата на најавената регионална депонија кај Свети Николе, односно на станицата за преработка на отпадот од Источниот и Североисточниот регион ќе помине уште време, со оглед  што не се почнати ни подготвителните активности. Дотогаш, депонијата кај Бели ќе продолжи да го собира отпадот од четирите општини, а граѓаните ќе се надеваат дека барем на добавувачот ќе му биде исплатен долгот за набавените морските алги со кои се третираше депонијата, за да може да се направи нова нарачка пред првите пролетни денови и затоплувањето на времето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијакјп „водовод“општина кочанирегионална депонија за отпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
1°C
одвоени облаци
одвоени облаци
2 m/s, ENE
75%
772.57 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
6/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?