Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Конституиран новиот Совет на Општина Виница, за претседател е избран Гоце Василев

автор: Т. Ајтовски
11 ноември, 2025 13:43
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Конституиран новиот Совет на Општина Виница, за претседател е избран Гоце Василев

Со верификацијата на мандатите и со давање и потпишување на свечената изјава на секој од избраните советници, денеска беше конституиран составот на новиот Совет на Општина Виница.

На почетокот на седницата верификацијата на мандатите беше направена за 14 од избраните 15 советници, колку што брои Советот, а беше даден предлог мандатот на советникот Имит Скопко да биде верификуван на првата наредна седница. На конститутивната седница присуствуваше и досегашниот претседеател на Советот, Ацо Ѓорѓиевски кој даде поддршка и насоки во начинот на работење на советниците.

Една од првите точки на седницата беше избор на претседател на Советот, а кандидационата комисија го предложи советникот Гоце Василев од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со едногласна поддршка од присутните 14 советници тој беше избран за претседател, по што даде и кратка изјава.

-Ви благодарам на поддршката и за довербата да бидам избран на оваа функција. Од денеска понатаму, со преземањето на обврските, односно со преземањето на позицијата претседател на Советот на Општина Виница или прв меѓу еднаквите, ветувам дека ќе ја исполнам задачата во целост, она што ни беше дадено како мандат од нашите сограѓани. Ветувам дека како претседател на Советот ќе ги запазиме сите законски прописи, ќе работиме согласно Статутот на Општина Виница и деловникот за работа на Советот на Општина Виница. Сакам да ви посакам успешна и плодна работа, Советот да остане храм на демократијата каде првенствено ќе се носат одлуки во интерес на граѓаните, а личниот и каков било друг интерес да го ставиме настрана и интересот на граѓаните да ни биде императив. Впрочем за тоа сме избрани. На градоначалникот Митко Костадиновски исто така да му посакам успешен и плоден мандат и да искористам приликата да се заблагодарам и на досегашните досегашниот советнички состав и на претходниот градоначалник Миле Петков, истакна Василев.

Од опозициската советничка група истакнаа дека му даваат поддршка на новоизбраниот претседател, но таа нема да биде безрезервна, односно Василев ќе ја има сѐ додека работи непристрасно, без политички влијанија и во интерес на граѓаните.

-Од страна на опозицијата сакам да пренесам дека во овој момент ние ќе подадеме рака и ќе гласаме за изборот на претседател на Совет на Општина Виница, којшто предложен од страна на позицијата. Сакам да знае идниот претседател на Советот дека ова не е безрезервна поддршка. Сѐ до моментот додека подеднакво и непристрасно се однесува кон работата и кон интересните на граѓаните на Општина Виница ќе ја има целосната наша поддршка. Сум бил советник и во друг состав на Советот на Општина Виница, обично работата не одела мазно, имало пристрасност, но очекувам ние тоа од денеска да го надминеме и таа пристрасност и партиските бои да ги оставиме зад себе и да работиме во интерес на граѓаните. Затоа уште еднаш ќе спомнам, ќе ја имате нашата поддршка, но очекувам и вие понатака да ја оправдате таа поддршка што денеска ќе ви ја дадеме, истакна советникот Венцо Вуинов.

На седницата на беа формирани и комисиите кои се дел од Советот и ги разгледуваат предложените точки за расправа на пленарните седници, а исто така беше усвоен и предлогот за овластување советници кои ќе присуствуваат на склучувањето бракови.   

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина виницасовет на општина виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“
Регион

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
0

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за...

прочитај повеќе
Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
2 m/s, ESE
83%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?