Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување

автор: Т. Ајтовски
1 декември, 2025
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување

Се смирува состојбата по поплавите што го зафатија подрачјето на општина Чешиново-Облешево, а заканите од нови излевања на речните корита се веќе под контрола.

Изутрината состанок одржал општинскиот Кризен штаб, на кој присуствувале и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, од Црвен крст, МВР и од Центарот за јавно здравје од Кочани, при што биле дадени насоки за натамошните постапки.

-Во договор со Црвениот крст ќе направиме акција за доставување вода за пиење, затоа што најголемиот проблем во моментот во општина Чешиново- Облешево, бидејќи нема сопствени извори и водоводни мрежи, изворите од коишто се снабдува со вода населението се веќе загадени и неопходно е да се достави пивка вода до секој од домовите што се зафатени од поплавата. Исто така, морам да истакнам голема благодарност до компанијата „Бехтел и Енка“ коишто го прифатија повикот и барањето што го доставивме до нив, во најбрз можен рок ќе излезат на терен со тешка механизација и ќе пристапат кон расчистување на течението на Кочанска Река од којашто настана целиот овој проблем. Го формиравме Кризниот штаб за точно да ги лоцираме потребните точки коишто ја прават целокупната штета, во една од нив е и тој Бугарски канал каде што со соодветна механизација ќе се пристапи на терен и ќе бидат исчистени во најбрз можен рок, истакна градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Како превентива од можни заразни заболувања ќе се направи и дезинфекција на јавните простории, пред сѐ во училиштата.

-Наставата во училиштата се одвива во нормални услови, затоа и го повикавме Центарот за јавно здравје, бидејќи тие се надлежни како институција да направат дезинфекција на територијата што беше зафатена од поплавите. Веднаш штом ќе се создадат услови за да се пристапи кон таква акција, во договорот со нив, ќе се направи дезинфекција на потребните објекти и земјиште, превентивно за да не дојде до некои бактериолошки загадувања, додаде Костадинов.

Во меѓувреме граѓаните почнале да поднесуваат пријави за штета од поплавите.

-Уште од утринските часови граѓани коишто се засегнати директно од поплавите веќе доаѓаат во Општината и поднесуваат барања за обештетување од поплавите. Дополнително, комисијата ќе ги сондира сите тие барања и ќе излезе на терен да ги попише вистинските состојби од настанатата штета, истакна Костадинов.

Градоначалникот Костадинов веќе апелираше за итна помош од државата, бидејќи општинските ресурси се недоволни за справување со обемот на штетите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина чешиново - облешевопоплави

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Акција за пошумување во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“ се реализираше на локацијата Врши Дол кај Виница
Регион

Акција за пошумување во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“ се реализираше на локацијата Врши Дол кај Виница

автор: Т. Ајтовски
4 декември, 2025
0

Во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“, Општинската организација на Црвен крст - Виница заедно со Доброволното противпожарно друштво Виница организираше еколошка акција за пошумување. Волонтери од Организацијата и...

прочитај повеќе
Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв
Регион

Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв

автор: Т. Ајтовски
27 ноември, 2025
0

Општинската организација на Црвен крст од Виница организираше успешна ноемвриска акција за дарување крв на која крводарителите повторно изненадија позитивно со својот одѕив. На акцијата се собрани 92...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
76%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?