Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани е прва општина во државата со систем за паметно мерење и управување на јавното осветлување

автор: Т. Ајтовски
9 октомври, 2024 13:19
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Позитивна разлика од над 370 илјади евра кај приходите за јавно осветлување остварила Општина Кочани во 2023 година

Кочани е прва општина во државата која воспостави електронски систем за паметно мерење и управување со јавното осветлување, со што се постигнати значителни заштеди, ефикасно искористување и намалени трошоци за електричната енергија.

Системот е воведен во рамки на проектот со кој Локалната самоуправа пред две години конкурираше на повикот за спроведување мали проекти во областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општините во државата. Средствата се обезбедени преку програмата  „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“, кофинансиран од ЕУ и од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а го имплементира Германското друштво за интернационална соработка (GIZ).

На денешната завршна презентација на проектот, на која присуствуваа амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, заменик амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, извршниот директор на Мрежата на здруженија на локални власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), Кељменд Зајази, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, градоначалници од општините во регионот и други гости, беше нагласено дека е обезбедена модернизација во управувањето со енергијата што се користи за јавното осветлување, а Општина Кочани ќе има и дополнителни придобивки.

– Првите резултати покажуваат и економски и енергетски заштеди од над 15 отсто со реализацијата на овој проект, а задоволство е дека се работи за македонски производ што за првпат се применува во општина Кочани и ќе биде пример за останатите општини. Покрај тоа што преку платформата имаме можност да ги следиме загубите, потрошувачката, напонот, кражбите на струја, да ги планираме јавните набавки за енергија за улично осветлување, со оваа платформа ќе имаме можност да ги надградиме постојните 69 ормари што беа опфатени во проектот со дополнителни елементи кои ќе ни даваат и податоци за квалитетот на воздухот, загаденоста на животната средина и подобрување на следењето во управувањето со јавното осветлување, истакна градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Системот за управување е составен од лед светилки и сензори со кои се прилагодува интензитетот на светлина во зависност од временските услови и движењето на возилата и пешаците, а годишната заштеда на електрична енергија во просек изнесува околу 95 MWh.

-Со овој проект ние сме пример дека партнерството не мора секогаш да биде на ниво на влада, туку дека може да биде и на ниво на градови и општини затоа што општините се моторот на енергетската транзиција. Општина Кочани, во рамки на Пактот на градоначалници, покажа дека ангажманот е многу важен. Во Општината не почнаа вчера со енергетската транзиција, туку многу години работат на оваа тема и задоволна сум што преку заеднички напори овозможивме сега Кочани да има ваков систем на осветлување, истакна германската амбасадорка Дрекслер.

Заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Нупнау нагласи дека воспоставениот систем за јавното осветлување во Кочани е важна пресвртница во заедничките напори за енергетска транзиција преку намалување на побарувачката за енергија и негативните последици од климатските промени.

Воведувањето на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“ траеше 12 месеци, при што Германското федерално министерство за економска соработка и развој – ГИЗ обезбеди максимална поддршка до 50 илјади евра, а околу 20 отсто од вредноста на работите ги кофинансираше Општина Кочани од сопствениот буџет.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно осветлувањегерманско друштво за интернационална соработка ГИЗделегација на еуопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
11°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?