Во Општина Гоце Делчев, Бугарија, се одржа прес-конференција за проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и туризам близок до природата во Источен Плански Регион и Регион Благоевград“, на која учествуваше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.
Во рамките на овој проект Општина Кочани е еден од крајните корисници на резултатите, преку изградба на рекреативно повеќенаменско игралиште во близина на браната Гратче.

Проектот е финансиран од Interreg ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






