Во организација на општинскиот Црвен крст од Кочани, а со поддршка на екипа од Службата за трансфузиона медицина од Кочани во просториите на Полициската станица се спроведе крводарителска акција наменета за вработените во полицијата.
На акцијата крв даруваа 13 полициски службеници.
-Денес во просториите на Одделението за внатрешни работи се одржува втората крводарителска акција за оваа година. Јас и моите колеги денес се одѕвавме на хуманоста и ја даруваваме својата капка крв. И ако времето е толо и колегите ги користат своите годишни одмори, сепак сме задоволни од одѕивот и се надевам дека и за последната крводарителска акција во ноември ќе има поголем број на дарители. На сите што учествуваа во оваа акција им се заблагодарувам и и посакувам добро здравје, истака Сашка Стојанова од Полициската станица – Кочани.
Во текот на една календарска година, вработените во Одделението за внатрешни работи – Кочани, крв може да даруваат во месеците март, јули и ноември.
В четврток во просториите на Општинската организација – Кочани ќе се одржи редовната крводарителска акција која се реализира секој последен четврток од месецот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.