Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Македонските информатичари се подготвуваат за Интернационалната олимпијада – се надеваат на донации од општествено одговорни компании за да го платат учеството

автор: Т. Ајтовски
10 февруари, 2025 17:49
во Кочани
време на читање: 5 мин.
A A
Македонските информатичари се подготвуваат за Интернационалната олимпијада – се надеваат на донации од општествено одговорни компании за да го платат учеството

Годинава осум од нашите најумни, македонски деца ја добија шансата да ја претставуваат државата на Интернационалната олимпијада по информатика и технологија (ИАТИ) што од 8 до 14 април ќе се одржи во градот Шумен, Бугарија. Но, за нивното учество потребна е финансиска помош.

Од Здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“, кое повеќе од две години се труди да им обезбеди поддршка на најталентираните млади во областа на информатиката и математиката, очекуваат општествено одговорните компании, во рамки на нивните можности, да помогнат со донации за да се обезбедат 5.000 евра за учество на Олимпијадата.

“ДА НЕ ГИ ПУШТИМЕ НАШИТЕ НАЈДОБРИ ДЕЦА ДА ЈА НАПУШТАТ МАКЕДОНИЈА – ВРЕМЕ Е ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА НИ Е ГРИЖА!”

Во секој млад ум во оваа земја се крие потенцијал да ја обликува иднината на Македонија. Но, дали како општество правиме доволно за да ги задржиме овие генијални деца овде, за да ја градат нашата земја, наместо да заминуваат таму каде што талентот им е повеќе вреднуван?

Претседателката на здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“, Анита Атанасова-Грчев, нагласува дека ИАТИ е важен настан и за младите таленти, но и за државата да покаже дека може да учествува и да постигнува успеси на врвни натпревари по знаење, но важно е да им се даде можност да учествуваат.

ОВИЕ ДЕЦА СЕ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА – НЕ СМЕЕМЕ ДА ГИ ИЗГУБИМЕ!

-Овој натпревар не е само уште еден тест на знаење. ИАТИ е сцена на која најдобрите млади умови од целиот свет се натпреваруваат во алгоритамско програмирање, напредна технологија и иновации. Ова е можност за нашите деца да покажат дека Македонија има извонредни таленти и дека можеме да се носиме рамо до рамо со најдобрите. Но, не е само тоа – овие натпревари се влезница за нивната иднина. Компании, универзитети, светски експерти следат кој ќе заблеска. Овие деца можат да добијат покани за стипендии, работни позиции и меѓународни признанија. Но, прашањето е – ќе дозволиме ли нашите најпаметни деца да заминат, затоа што тука не добиле поддршка, истакна Атанасова – Грчев.

КОЧАНЧАНЕЦОТ ВЛАДИМИР ГРЧЕВ – МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ, НО ДАЛИ ЌЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА НА ОЛИМПИЈАДАТА?

Еден од осумте ученици што треба да ја претставуваат Македонија е и кочанецот Владимир Грчев, вистински генијалец кој веќе има освоено бројни награди на национални и меѓународни натпревари.

-Ова е мојот сон – да покажам дека Македонија има иднина во информатиката, дека ние сме талентирани и дека можеме да бидеме меѓу најдобрите. Но, сè зависи од тоа дали ќе добиеме поддршка…“, вели Владимир.

Замислете само, ако ова момче утре стане светски познат програмер, а на прашањето „Од каде си?“ одговори: „Од Македонија, но таму не ми дадоа шанса…“. Ќе дозволиме ли да се случи тоа?

5.000 ЕВРА – ПРАШАЊЕ НА ИДНИНА, НЕ НА ПАРИ!

За овие осум деца да ја претставуваат Македонија во Шумен, потребни се 5,000 евра со кои ќе се покријат патните трошоци за учениците и менторите, сместувањето и исхрана за времетраењето на натпреварот и логистичката поддршка за нивна оптимална подготовка. Во споредба со милионите што се трошат на разни, понекогаш и спорни проекти, ова е мал износ за огромен влог во иднината на Македонија.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ПОМОГНЕМЕ?

Ако не ги поддржиме денес, утре ќе ги гледаме како заминуваат – таму каде што ќе ги ценат. Ако сакаме Македонија да напредува, мора да инвестираме во нејзиниот највреден ресурс – младите умови! Ги гледаме како малку по малку, генерација по генерација, нашите најдобри заминуваат – лекари, инженери, програмери, научници. Овие деца утре можат да бидат тие што ќе ја градат Македонија како центар на иновации, но само ако им дадеме причина да останат.

Да не дозволиме парите да бидат причината што овие млади Македонци нема да ја подигнат нашата земја!

КАКО МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ?

Вашата донација, без разлика на износот, ќе биде директна инвестиција во иднината на Македонија.

Банкарската сметка за донации е 270076853510197 во Халк банка, а контакт може да се оствари и на електронската пошта: info@brightmindsofmacedonia.com

Од Здружението се подготвени да издадат и потврда со договор за донација, а името на донатор ќе биде споменато како поддржувач на македонските таленти.

НЕКА ОСТАНАТ ВО МАКЕДОНИЈА, НЕКА ЈА ГРАДАТ НАШАТА ИДНИНА!

Време е да покажеме дека ни е грижа! Овие деца не бараат многу – само подадена рака за да докажат дека Македонија има иднина!

Да не дозволиме нашите најдобри да заминат. Да инвестираме во Македонија – преку нив!

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение „бистри умови“информатикаолимпијада по информатика

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, ESE
66%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?