Деветодделенецот Владимир Грчев од Кочани продолжува со успеси на полето на природните науки.
По одличните резултати во информатиката, тој сега ја освои и математиката — на Државниот натпревар по математика, што се одржа на 3 мај во просториите на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, Грчев постигна максимални 100 поени.
Овој резултат претставува уште едно големо достигнување за младиот талент, кој бележи навистина успешна натпреварувачка година.
Градот Кочани има голема причина за гордост, а на Владимир му посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.