Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Меѓународен шаховски турнир организираше ГШК „Кочани“ во спомен на жртвите од клубот „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
14 јуни, 2025 13:23
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Меѓународен шаховски турнир организираше ГШК „Кочани“ во спомен на жртвите од клубот „Пулс“

Градскиот шаховски клуб „Кочани“ е домаќин на првиот Меѓународен турнир во шах што се организира во спомен на жртвите од пожарот во клубот „Пулс“ и за хуманитарна помош во третманот на повредените во трагедијата.

Под мотото „Играме шах за Кочани“ турнирот се одржува со поддршка од Општина Кочани и од Шаховската федерација на Македонија, а учествуваа 115 шахисти од сите клубови во државата, како и од Србија, Бугарија и Албанија. Иако беше најавено учеството, не допатуваа натпреварувачи од Црна Гора и Косово, но нивните шаховски федерации учествуваа со финансиска помош за повредените.

На отворањето на турнирот, претседателот на ГШК „Кочани“, Благој Ситновски најави дека тој ќе биде традиционален и секоја година ќе се одржува на една недела пред 16 март. Од македонската шаховска федерација нагласија дека  на натпреварите ќе се игра забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем, а турнирот ќе биде отворен за сите шахисти, без оглед на рејтинг, титула или место на живеење.

-Шаховската јавност во Македонија покажа дека сочувствува со Кочани и со семејствата на лицата кои го загубија животот, како и со повредените во несреќата на 16 март, и таа трагедија никогаш не треба да се заборави. Турнирот ќе продолжи да се одржува и во наредните години и ќе се рејтингува согласно ФИДЕ-правилата, истакна Зоран Стојчевски, член на Управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија.

Меѓународниот шаховски турнир го отвори в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски нагласувајќи дека главна цел е да се врати популарноста на шаховската игра меѓу младите, за што Локалната самоуправа ќе обезбеди соодветна финансиска и друга поддршка.

Наградниот фонд за турнирот го обезбеди Општина Кочани, а сите приходи ќе бидат донирани во фондот за загинатите и повредените во несреќата во клубот  „Пулс“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочанишахшаховски клуб „кочани“шаховски турнир

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
5°C
облаци
облаци
1 m/s, E
86%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?