Слепите и слабовидни лица кои се членови на Меѓуопштинското здружение од Кочани денеска ја организираа традиционалната празнична средба по повод Петровден.
За разлика од претходните години, годинава одбележувањетом на празникот беше поскромно поради трагедијата што му се случи на Кочани. Освен меѓусебното дружење ан средбата, членовите ги одмерија знаењата во шаховската игра.

Според претседателот на кочанското здружение на слепи и слабовидни, Тоше Илијев, основната цел на ваквите среќавања е размена на искуства и јакнење на меѓусебната соработка и пријателство.
На празничната средба во Кочани членовите на здружението ги посети и претседателот на Националниот сојуз на слепи на Македонија, Жарко Селкоски кој упати препорака за Локалната самоуправа да им помогне во решавањето на просторното прашање на лицата кои имаат проблеми со видот.

Околу 2400 членови има Националниот сојуз на слепи на Македонија, кои членуваат во 18 здруженија во градовите низ државата. Меѓуопштинското здружение од Кочани брои околу 120 членови.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






