Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Министерството за земјоделство и откупните претпријатија постигнаа договор за откупната цена на оризовата арпа

автор: Т. Ајтовски
9 ноември, 2024 19:28
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Министерството за земјоделство и откупните претпријатија постигнаа договор за откупната цена на оризовата арпа

Претставници од откупните претпријатија и земјоделски производители од кочанскиот регион доцна попладнево во Кочани имаа работна средба со министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, на која се разговараше за состојбата со откупот од овогодишната реколта и висината на откупните цени.

Постигнат е договор базната цена за ситните сорти ориз да изнесува 70 денари за килограм арпа во зависност од рандманот, односно од количината бел ориз што ќе се добие по лупењето. Ако ситната сорта ориз даде 50 отсто рандман, цената ќе изнесува 35 денари, а ако има понизок рандман и цената ќе се намалува. За крупните сорти базната цена ќе биде 80 денари за килограм, што значи дека ако рандманот биде 50 отсто, пропорционално и цената ќе изнесува 40 денари, а ако рандманот е повисок и цената ќе расте.

-Сите ние, од страна на откупувачите, се обврзавме да откупим одредена количина арпа за да го олесниме пазарот, без разлика на пазарната економија и актуелните цени во странство. Се работи вкупно за околу 3.000 тони и од ситните и од крупните сорти и тоа е она што ќе се повлече до крајот на годината за да има олеснување и материјал за работа до Нова година, истакна Сотир Ангелов, од откупното претпријатие БМФ од Зрновци.

Претставниците на земјоделските производители кои присуствуваа на состанокот рекоа дека се задоволни од договорените цени и услови за откуп и ќе очекуваат дали ќе се спроведат на терен. Министерството за земјоделство од своја страна ќе преземе мерки за избегнување на одредени неправилности при откупот.  

-Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж за рандманот и процентот на влагата во зрното што го утврдува самата откупна компанија, ќе може бесплатно да направи проверка во Институтот за ориз во Кочани. Ова е направено со цел да се елиминира сомнежот дека има одредени злоупотреби во целиот процес. Нормално, ова што ќе се откупи до крајот на годината, целиот процес ќе го следи Земјоделскиот инспекторат, за да нема нејасностии или сомневање. На почетокот на идната година ќе повлечеме и количини за стоковите резерви, со што дополнително ќе го олесниме процесот, истакна министерот Трипуновски.

По средбата беше најавено дека ресорното министерство за наредната година заедно со земјоделците ќе изготви стратегија за да се избегнат вакви турбуленции во откупот за новата реколта, а таа ќе се однесува и од аспект на семенскиот материјал, заштитните препарати и доволни и навремени количини вода за наводнување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: министерство за земјоделствооризоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
85%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?