На седница на Владата се разгледувале состојбите со пласманот на оризот и пченицата, поради што е донесена одлука да се откупат одредени количини за државните стокови резерви.
Според премиерот Христијан Мицкоски на тој начин државата ќе овозможи олеснување на откупната политика за житата, а особено за оризот кој со законските измени стана стратешка земјоделска култура.

-Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. Во првиот случај кај пченицата можеби ќе го погрешам бројките, но има право секој индивидуален производител да конкурира со количина од 5 до 30 тона, а кај оризот и оризовата арпа 3 до 20 или 30 тона така нешто беше се сеќавам. Ова за првпат се прави посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние коишто одгледуваат пченица, така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин сега и стоковите резерви ќе имаат ориз, истакна премиерот Мицкоски.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






