Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Младите во Зрновци насликаа мурал „Алкохолот е пречка на патот“

автор: Д. Николов
10 април, 2024 21:10
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Младите во Зрновци насликаа мурал „Алкохолот е пречка на патот“

Општина Зрновци доби мурал што го изработија дваесетина млади од Облешево, Чифлик, Зрновци, Кочани, Кучичино и Мородвис во рамки на програмата „Креативни активистички интервенции“ на „Еквалис“.

Муралот е изработен со слоганот „Алкохолот е пречка на патот“, со цел кревање на свеста за безбедноста во сообраќајот.

Идејата се родила низ повеќекратни консултации со локални активисти и млади од регионот кои утврдиле дека безбедноста во сообраќајот е едно од најзначајните прашања за локалното население. Муралот е насликан на надворешниот ѕид на соблекувалната на фудбалскоот игралиште, а автор на делото е Марио Дејанов од Зрновци.

-Муралот го изработивме во техниката акрил, а е со мотивот „Алкохолот е пречка на патот“ и воедно тој е прв мурал во општина Зрновци, истакна Дејанов.

-Јас ја претставувам Општинската организација на Црвен крст – Кочани и во овој проект се вклучив за да научам нешто повеќе за сообраќајот, односно да ја упатиме пораката до возачите да не консумираат алкохол додека управуваат со моторното возило, рече Магдалена Алексова, волонтерка во Општинакта организација на Црвен крст – Кочани.

Пред да биде изработен муралот, учесниците имаа и работилница што беше посветена на црниот биланс на сообраќајните несреќи во Македонија како сериозен општествен проблем.

-Целта на работилницата беше да извршиме сообраќајна едукација на младите, односно да ја подигнеме нивната свест за тоа како поодговорно, посовесно и побезбедно да се однесуваат во сообраќајот на патиштата. Нашата првична намера беше да се актуелизира локалниот проблем за континуираниот пораст за сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и смртни последици случени на патиштата во Источна македонија, истакна Викторија Тасева, правничка.

Градоначалникот Борчо Коцев оцени дека муралот е одлично дело со порака испратена до секого.

-Дел од младите од општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Кочани, испратија силна порака за безбедноста во сообраќајот. Со ова порачуваме дека возрасните треба да внимаваат во сообраќајот за доброто на сите учесници, истакна Коцев.

Активноста во општина Зрновци е дел од пошироката програма „Креативни активистички интервенции“ на Здружението „Еквалис“, а нејзина цел е да ги таргетира локалните проблеми со кои се соочуваат луѓето во општините.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: муралопштина зрновцисообраќај

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница
Регион

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница

автор: Т. Ајтовски
19 јануари, 2026 12:27
0

Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река. Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир...

прочитај повеќе
Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?