Тешка сообраќајна несреќа се случила во средата наутро на експресниот пат од Кочани кон Штип, во непосредна близина на над возникот кај село Спанчево. Притоа, младо момче од Велес го загубило животот, откако со автомобил фиат стило излетало од коловозот.
Трагичниот настан го потврдија и од МВР, од каде информираа дека вчера во 09:50 часот во Полициската станица – Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 21- годишниот Г.К. од Велес, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.