Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одржа завршниот настан за дисеминација на резултатите од проектот „Музички балкански воз за мир“ во рамки на Еразмус+ програмата.
На активноста беа презентирани содржините кои наставниците и учениците ги имаат работено изминативе две години.
На средбата присуствуваа претставници од локалните образовни институции од Кочани, како и лица од Невладиниот сектор.

-Ова е наш прв проект од Еразмус+ програмата. Во него работеа шест тима со тројцата наставници Виктор Постолов, Давид Велков и Љупчо Горгиев, а координаторка на проектот беше наставничката Елизабета Георгиева. Тимовите работеа на песна за мирот со наслов „Сите сме еднакви“. За неа е изготвен и видео-спот. Ова е уште еден предизвик за големи проекти и успеси, дружби и соработки, истакна Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“.
Проектот „Музички балкански воз за мир“ е финасиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата. Во него освен од Кочани, учествуваа и претставници од музички училишта од Бугарија и Грција, како и повеќе невладини организации.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.