Во првите шест месеци од оваа година Општина Кочани продала осум градежни парцели, но само за половина од нив, односно нешто повеќе од 1.000 евра се наплатени од очекуваните приходи, согласно цените што се постигнати на јавното наддавање.
Поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори, а во согласност со Законот за спречување на корупцијата, постапките за оттуѓување на градежно земјиште биле ставени во мирување. Во овој период имaло уплати само за три од продадените парцели, а за останатите, што се наменети за изградба на објекти за индивидуално домување, постапките се во тек.
-Вкупните приходи на Општината од оттуѓувањето на трите градежни парцели изнесуваат 71.237 денари. За оттуѓување земјиште со непосредна спогодба беа поднесени 11 барања, од кои седум се со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти, а за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на што се запишани во јавната книга на недвижности. Четири барања се за оформување градежни парцели кај кои лицата во сопственост имаат повеќе од 30 отсто од градежната парцела, информираат од Одделението за спроведување постапка за располагање со градежно земјиште на Општина Кочани

По основ на договорна казна за неисполнување на обврските од договорите за оттуѓување на градежно земјиште досега биле наплатени над 660 илјади денари.
Според извештајот од Одделението, вкупните приходи на Општината за половина година по сите основи околу постапките за продажбата на градежните парцели изнесува 731.589 денари.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.