Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Над 5.000 тони непродадена оризова арпа од минатата година имаат земјоделците во Кочанско

автор: Т. Ајтовски
29 август, 2024 15:44
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Над 5.000 тони непродадена оризова арпа од минатата година имаат земјоделците во Кочанско

На две недели пред почетокот на жетвата на оризот, земјоделците од кочанскиот регион се соочени со проблеми околу неговото складирање поради непродадените залихи од минатогодишната реколта.

Ниските откупни цени, со кои не можат да ги покријат трошоците за производство, се главна причина што околу пет илјади тони оризова арпа сè уште стојат во амбарите, иако очекувале дека во летниот период ќе имаат некаков пораст.

-Со прибирањето на новата реколта ќе имаме проблем, затоа што откупувачите тактизираат со цените. Во моментот даваат од 30 до 32 денари за килограм, а ако при лупењето се добие над 40 отсто бел ориз цената е 35 денари за сортата опале, додека за сортите сан андреа и канео е од 37 до 40 денари. Се договаравме и со министерот, кој рече дека треба да го откупат произведеното од лани, тие првично се согласија, но сега викаат дека не се во можност поради состојбите на пазарот. Извозот во Србија не одел затоа што таму имало увоз од Грција. Исто така, преработувачите сега ги ремонтирале машините за лупење на оризот од новата реколта и постојано си имаат оправдувања. Значи, ниту еден килограм од тоа што беше договорено со министерот, не е откупен, истакна Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.

Земјоделците реагираат што откупните цени и понатаму се определени од пред неколку години, според тогашните параметри за трошоци во производството.

-Сè уште се водиме според производни цени што пред три години ги дадоа од Земјоделскиот институт во Скопје, а оттогаш имаме проблем поради зголемената употреба на ѓубрива и хербициди, поради што и трошоците ни пораснаа. Значи треба да се искалкулира нова цена. Очекуваме средба со министерот за да се најде решение, со оглед што соработката меѓу земјоделците и откупувачите во изминатите дваесетина години се одвива тешко. Тоа влијае многумина да го намалат или целосно да се откажат од производството, па и да се иселуваат од државата. Потребно е да се направи либерализација на пазарот на оризот за да се обезбеди негово производство и во иднина на овие простори, истакна Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

Од претстојната жетва на оризот се очекуваат околу 20 илјади тони арпа, за кои ако не се најде решение со откупот и пласманот, ќе има проблем со складирањето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: оризоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?