Протестниот марш „Ваш профит – наши животи“ во врска со трагедијата во „Пулс“, а што беше најавен за денеска, не се одржа.
Во Паркот на Револуцијата во 15 часот и 59 минути, за кога беше закажан почетокот на маршот, освен неколкумина случајни минувачи, немаше никој што ќе учествува во маршот.

Непознато е дали за одложувањето на настанот влијание имаа лошите временски услови или пак собирот што точно напладне се одржа на истите локации.
Според најавата на социјалните мрежи, овој марш е закажан и за утре во истиот термин.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.