Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

На Пониква се одржа тридневна противпожарна вежба на професионалните и доброволните пожарникари од Кочани и регионот

автор: Т. Ајтовски
15 јуни, 2025 14:53
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
На Пониква се одржа тридневна противпожарна вежба на професионалните и доброволните пожарникари од Кочани и регионот

Со тактичко-показна вежба за каскаден дотур на вода и гасење пожар на непристапни места денеска на Пониква заврши тридневната обука за професионалните и доброволните пожарникари од Кочани и соседните општини во регионот, а на која учествуваа и претставници од ЈП Национални шуми, од Црвен крст, како и екипи од Општата болница со проширена дејност и од Одделението за внатрешни работи од Кочани.

Низ практичниот дел од вежбата што го организираше Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, а со поддршка од Општина Кочани, поминаа педесетина пожарникари и вработени во институциите кои ги усовршуваа знаењата и вештините за интервенции при шумски и пожари на отворен простор.

-Целта на обуката во изминатите три дена беше дополнителнио да ги оспособиме доброволните пожарникари за нивно вклучување во интервенции при гасење шумски пожари со метод кој е многу брз, едноставен и ефикасен. Задоволни сме од подоготвеноста што ја прикажаа на завршната показна вежба, особено што за краток период стекнаа вештини на вистински професионалци, а го увежбаа користењето на опремата за дотур на вода од непристапни места за директно гаснење и опслужување хеликоптер за интервенции од воздух, истакна Костадин Поповски од Центарот за обука „Пегаз еду“.

На завршната тактичко-показна вежба присуствуваа и претставници од Владата и од државните институции, кои позитивно ја оценија подготвеноста на пожарникарите.

-Се подготвуваме да одговориме на сите предизвици што ќе се појават, а новите методи што денеска беа презентирани се дел од стратегијата што ќе ја применуваме во текот на летната сезона. Понатаму ќе следи донесувањето на Закон за доброволни противпожарникари, како и на новиот Закон за пожарникарство со кој ќе се подобри статусот на секој пожарникар, а неговиот труд ќе биде соодветно вреднуван. Исто така, ќе има измени на постојните и сет нови закони со кои ќе се направи т.н. пирамида за функционирање на системот за справување со вонредни состојби, односно со кризни ситуации. Треба да се знае кој ќе биде на врвот на командувањето, а долу да има уште три пункта во кои ќе се вклучат општините, онака како што ќе биде осмислен целиот модел, истакна заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски.

Од Здружението на професионални пожарникари на Македонија изразија задоволство од подготвеноста на нивните колеги волонтери, кои можат да помогнат во претстојниот летен период кога има зголемен ризик од шумски пожари. Исто така, оценија дека вештината што ја поседуваат може да се искористи за нивна професионализација и вработување во територијалните противпожарни единици.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволно противпожарно друштво - кочанипротивпожарна заштитатериторијална противпожарна единица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
85%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
13/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?