Турската компанија ТАВ Македонија, која стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило за ЈЗУ Општа болница – Кочани.
Се работи за комби возило „рено – мастер“ што е донирано во рамки на корпоративнаtа општествена одговорност на компанијата. Целта е да се подобри итната медицинска помош за граѓаните на Кочани и источниот дел од земјава.

Оваа донација ја потврдува посветеноста на ТАВ Македонија кон јавната безбедност и нејзиното верување дека вистинската корпоративна одговорност се мери со позитивното влијание и врз општеството.
-Нашата мисија е да бидеме вистински партнер на општеството, особено кога станува збор за спасување животи и подобрување на итната медицинска помош, истакна Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија продолжува да инвестира во иницијативи кои градат посилна заедница и осигуруваат побезбедна и одржлива иднина за сите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






