Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Нов успех на каратистите – на меѓународен турнир во Скопје двата клуба од Кочани освоија 32 медала

автор: Т. Ајтовски
26 октомври, 2025 17:29
во Спорт
време на читање: 4 мин.
A A
Нов успех на каратистите – на меѓународен турнир во Скопје двата клуба од Кочани освоија 32 медала

Младите спортисти – членови на карате клубовите „Партизан“ и „Кочани“ ги продолжуваат успешните настапи на домашните меѓународни натпреварувања. Потврда за тоа се освоените вкупно 32 медала, од кои три златни, девет сребрени и дваесет бронзени, на меморијалниот меѓународен карате турнир „Никола Грданоски – Нике“, што денеска се одржа во Скопје.

Екипата на КК „Кочани“ ја претставуваа 23 натпреварувачи, од кои седум настапија во кати, а 16 во борби.

Две први места и златни медали освои Алексеј Ристов кој се натпреваруваше во борби во конкуренција на каратисти од генерацијата 2015/2015 во тежинска категорија до 35 кг, како и во конкуренција на генерацијата 2016 и помлади во истата тежинска категорија.

Второпласирани, со сребрени медали, од Скопје се вратија Ивица Тодоров 2016 и помали -30кг, Јана Јанчева 2016 и помали +32кг, Дамјан Симеонов 2014/2015 -30кг, Катерина Стојановска 2012/2013 +50кг и Лука Златков 2012/2013 -55кг.

Трето место и бронзен медал освоија Горан Ѓоргиев 2016 и помали +35кг, Давид Давитковски 2016 и помали -35кг, Еда Арифова 2014/2015 -44кг, Лана Ристова 2014/2015 +44кг, Калин Сандев 2014/2015 +45кг, Ангелчо Лазаров 2014/2015  -45кг, Томислав Ристов 2012/2013  -45кг, Душанка Ристова кадети -47кг, Катерина Стојановска кадети +54кг и Лука Златков кадети -57кг.

Во натпреварите во кати Давид Тенев освои второ место и сребрен медал, а Петар Стаменков, Јоана Митрова, Ања Богатиновска, Даријан Богатинов, Иван Сантов и Марко Тодоров беа третопласирани и се закитија со бронзени медали.

На турнирот во Скопје карате клубот „Кочани“ учествуваше со 6 натпреварувачи, сите во конкуренција на борби во 10 тежински категории.

Јован Арсов имаше одличен настап и освои златен медал во јуниорска конкуренција до 76 кг, како и два сребрени медала – кај јуниорите над 70 кг и кај кадетите до 70 кг. Второпласиран, со сребрен медал, заврши и кумите тимот од генерацијата 2014/2015 во состав: Стефан Донев, Лука Манасијев и Јордан Иванов.

Исто така, Стефан Донев освои уште два бронзени медала откако беше третопласиран кај натпреварувачите од генерацијата 2015 во тежинските категории до 30 и до 35 кг. Покрај него, два бронзени медала освои и Алексија Данева од генерацијата 2015 во тежински категории до 44 и над 44 кг.

На Меморијалниот меѓународен карате турнир „Никола Грданоски – Нике“ настапија карате клубови од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: каратекарате клуб „кочани“карате клуб „партизан“ - кочаникарате турнир

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Хуманост и спорт на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани во чест на настраданите во „Пулс“
Кочани

Хуманост и спорт на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани во чест на настраданите во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 12:38
0

Во спортски дух, но со длабока почит и емоции, во Кочани е организиран Меѓународниот карате турнир „63 ангели“. Овој голем спортски настан, кој обедини 379 натпреварувачи од 32...

прочитај повеќе
„СЕЕ Универзитет“ славеше во Кочани: Гостите од Тетово ги однесоа бодовите во возбудливото дерби со “Фудбал старс Аутовелт“ во Втората футсал лига
Спорт

„СЕЕ Универзитет“ славеше во Кочани: Гостите од Тетово ги однесоа бодовите во возбудливото дерби со “Фудбал старс Аутовелт“ во Втората футсал лига

автор: Т. Ајтовски
22 февруари, 2026 19:43
0

Во рамките на 11-то коло од Втората футсал лига, екипата на „СЕЕ Универзитет“ од Тетово оствари важна победа на гостувањето кај „Фудбал старс Аутовелт“ во Кочани со резултат...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
73%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?