Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави jавен повик за доставување барања од земјоделците за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.
Јавниот повик се однесува на мерката 121, односно за финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење ориз со уред за сечкање на сламата, како и за мобилни сушари за ориз.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е до 14. ноември оваа година.
Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Критериум што треба да го исполнуваат барателите е да располагаат со минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.