Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, распишува оглас за бесплатна обука на негуватели за испорака на социјалната услуга за помош и нега во домот на територијата на општина Кочани.
Услови што треба да ги исполнуваат кандидатите се да имаат завршено најмалку основно образование, да се со работна способност за извршување на дејноста, да не им одземена или ограничена деловната способност, да поседуваат мотивација за работа со стари и немоќни лица и да имаат способност за теренска работа и емпатија.
Обуката е бесплатна за сите одобрени кандидати и ќе ја реализира стручен тим со практична и теоретска настава. По завршувањето се овозможува вклучување во мрежата на даватели на услуги.
Крајниот рок за пријавување е 27.7.2025 година, а сите заинтересирани кандидати да се пријават на телефонскиот број 078/300-782.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






