Во рамки на заложбите за поддршка на образованието и промовирање на технолошките иновации, Ротари клубот Кочани – Виница донираше опрема за роботика и програмирање во основното училиште ОУ„Славчо Стојменски“-Виница.
Новата опрема, со која се дополнува капацитетот на училиштето со ваква техника, ќе им овозможи на учениците подобар пристап до практични знаења од областа на роботиката, која е важен дел од современото образование.

-Со оваа донација, веруваме дека ќе го поттикнеме интересот на младите за технолошките науки и ќе ги охрабриме да истражуваат и создаваат во полето на роботиката. Наша цел е да ги подготвиме за иднината и да ги инспирираме за нови достигнувања. Горди сме што сме дел од патот кон образовен развој и благодарни на училиштето за соработката, истакнуваат од Ротари клубот Кочани – Виница.

Ротари клубот Кочани- Виница активно работи веќе 11 години и под знакот на Ротари Интернационал има мисија да шири добра волја и помош за секого кому е потребна. Во досегашното постоење успешно се спроведени голем број хуманитарни акции во областа на здравството, образованието, спортот и потребите на лицата со посебни потреби.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.