Сите правни лица што во текот на 2026 година ќе бидат основани на територијата на општина Зрновци ќе бидат ослободени од обврската да ја платат комуналната такса за истакната фирма, односно надоместокот за фирмарина.
Ослободувањето ќе биде за период од една година, а одлуката влезе во важност откако Советот на Општина Зрновци на последната седница во декември даде едногласна поддршка за предлогот од Локалната самоуправа.

-Првенствено размислувавме ослободувањето да биде само за млади лица кои ќе основаат фирма, со една единствена цел да им дадеме можност да останат овде и да основаат фирми. Меѓутоа, не сакаме да правиме поделба меѓу млади и стари, така што одлуката е за сите коишто ќе основаат фирма во 2026 година. Добро е да има што повеќе фирми, така што се однесува на сите кои ќе опсноваат фирма во оваа година, истакна Ванчо Митев, градоначалник на Општина Зрновци.

Според важечкиот тарифник што го применува Општина Зрновци, надоместокот за истакната фирма што го плаќаат правните лица од областа на производството, прометот и услугите, освен за продавници, киосци, деловни единици изнесува 4.000 денари за период од една година.
За трговските друштва и правни лица, како и за откупните пунктови, кои дејствуваат повремено, надоместокот е 2.000 денари, колку што плаќаат и физички лица кои имаат деловни простории во кои вршат дејност.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






