Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Зрновци организира јавна анкета и презентација за изменување и дополнување на урбанистичкиот план за Мородвис

автор: Т. Ајтовски
11 февруари, 2025
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Општина Зрновци ја почна постапката за изградба на локален пат од Мородвис до месноста Гробишта

Локалната самоуправа на Зрновци објави повик за повторна јавна анкета и јавна презентација за изменување и дополнување на урбанистичкиот план за селото Мородвис, со детална разработка. Преземените активности се во рамки на планскиот период 2024 – 2034 година, согласно насоките од постоечкиот Урбанистички план за Мородвис (2019-2029), а за што согласност даде и Советот на Општина Зрновци.

Измените и дополнувањата се однесуваат на урбанистичките блокови 14, 20, 21 и 22, што се наоѓаат на јужната страна на селото, под основното училиште и домот на културата. Вкупната површина што е предмет на измените во планот изнесува 11,36 хектари, а процентот на изграденост на целата површина е 35,74%.

Планираните намени се во согласност со важечката планска документација од повисоко ниво и со постојната состојба, при што формирани се 80 градежни парцели, од кои 66 се во основната класа на намени А1 – домување во куќи со катност П+2. Исто така, планирана е намена А3.3 – згради за престој на пензионери, стари и немоќни лица, а предвидениот објект е со максимален капацитет од 162 лица.

Останатите парцели се за Б1 – мали единици за комерцијални и деловни дејности, В2 – здравство и социјална заштита, Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и помалку загадувачки постројки за производство на енергија, Д3 – спорт и рекреација на зелени површини, Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури, Е1.6 – канализациски инфраструктури (пречистителна станица), Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија (трафостаница), Е1.12 – инфраструктури за наводнување и Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани.

Во планот се зацртани и две јавни паркиралишта во рамки на Блок 14 со по 20 и 22 паркинг места и две во рамки на Блок 21 со по 11 паркинг места кои ќе им служат на посетителите и корисниците на градбите, намените и институциите и се сместени во нивна непосредна близина.

Периодот за јавната анкета, во која со свои забелешки, предлози и мислења можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани и правни лица, е до  24 февруари, а анкетен лист може да се преземе од официјалната веб страница на Општина Зрновци.

Јавната презентација на измените и дополнувањата на планот ќе се одржи на 19 февруари во 12 часот во зградата на Локалната самоуправа на Зрновци.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мородвисопштина зрновциурбанистички план

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Панел дискусија за регионалното справување со отпадот се одржа во Виница
Регион

Панел дискусија за регионалното справување со отпадот се одржа во Виница

автор: Т. Ајтовски
11 јули, 2025
0

Третата панел дискусија во рамки на проектот „Граѓаните и медиумите го ‘озеленуваат’ Поглавјето 27“ се одржа денеска во Виница. Се разговараше за регионалното справување со цврстиот отпад и...

прочитај повеќе
Општина Зрновци бара изведувач за изградба и асфалтирање на повеќе улици
Регион

Општина Зрновци бара изведувач за изградба и асфалтирање на повеќе улици

автор: Т. Ајтовски
10 јули, 2025
0

Општина Зрновци ќе инвестира средства од сопствениот буџет со кои ќе се реализираат проекти за  реконструкција, изградба и асфалтирање улици со вкупна должина од над 1.000 метри во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 11, 2025 - пет
Кочани, MK
23°C
облаци
облаци
3 m/s, NE
42%
759.81 mmHg
fri07/11 sat07/12 sun07/13 mon07/14 tue07/15
-/23°C
одвоени облаци
32/19°C
чисто небо
36/20°C
облаци
37/22°C
одвоени облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?