Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани ги повози новинарите во еколошки автобус на батерии, за купување за јавниот превоз ќе бара начин да обезбеди пари

автор: Т. Ајтовски
22 октомври, 2024 12:10
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Општина Кочани ги повози новинарите во еколошки автобус на батерии, за купување за јавниот превоз ќе бара начин да обезбеди пари

Општина Кочани денеска организираше јавна презентација на македонска компанија која увезува и продава еколошки автoбуси на електрична енергија, а што можат да се користат во градскиот и линискиот превоз на патници.

Притоа беше организирано и возење за новинарите по улиците во градот, со објаснување дека се работи за современ автобус, што ги задоволува сите еколошки стандарди за заштита на животната средина. Претставниците од компанијата истакнаа дека со набавката на вакво возило за двојно се намалуваат трошоците за енергенс, односно за над 300 километри, колку што можат да се поминат со едно полнење на батериите на автобусот, ќе се потрошат околу 2.000 денари.

Од Општината рекоа дека целта на презентацијата е да се претстават можностите што ги нудат електричните возила.

-Во напорите за зачувување на здрава животна средина и обезбедување на еколошки јавен превоз имаме можност од прва рака да се убедиме во квалитетите и потенцијалите со кои располага ова превозно средство и да го презентираме и пред граѓаните и пред операторите кои ги даваат услугите во линискиот градски превоз. Секако, Општина Кочани во своите буџетски и стратегиски планирања понатаму ќе бара можност за обезбедување средства, за да дојдеме во состојба да можеме да финансираме едно вакво превозно средство кои ќе биде од интерес за сите граѓани, истакна градоначалникот Љупчо Папазов.

На новинарско прашање колку чини еден еколошки автобус на батерии, претставниците на компанијата увозник рекоа дека во зависност од бројот на патници што можат да се превезат и другите технички карактеристики на возилото, цената се движи меѓу 100 и 400 илјади евра.

Повеќе од јасно е дека Локалната самоуправа на Кочани во својот буџет нема пари за да купи електричен автобус, како што тоа го направија други општини во државата. Нејасно е кому му беше наменета презентацијата на автобусот и дали секоја компанија, што увезува вакви и слични возила, ќе има можност Општината да ѝ организира бесплатна медиумска презентација? Во меѓувреме, депонијата кај Бели повторно се разгоре и продолжува сериозно да ја загадува животната средина. Локалната власт и раководствата се на потег.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: градски превозживотна срединаопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
92%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?