Општина Кочани ја распиша 39. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба шест градежни парцели, од кои четири се со намена индивидуално домување и две со намена за домување на објекти во станбени куќи А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени.
Три од парцелите за индивидуално домување се наоѓаат на улицата „Пиринска“, а една е на улицата „Крум Вранински“. Површините на парцелите се движат од 260 м2 до 481 м2.
Двете парцели со намена за домување на објекти во станбени куќи А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени се наоѓаат на улиците „Митко Тодоров“ и „Февруарски поход“ и се со површини 320 м2 и 361 м2.
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 10 септември 2024 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 12 септември, со почеток од 8 ч.
Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.