Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани ќе обезбеди 1 милион денари за набавка на морски алги за третирање на комуналната депонија

автор: Т. Ајтовски
14 јуни, 2024
во Кочани
време на читање: 1 мин.
A A
Општина Кочани ќе обезбеди 1 милион денари за набавка на морски алги за третирање на комуналната депонија

Локалната самоуправа на Кочани од буџетската сметка ќе издвои еден милион денари и ќе ги префрли на сметката на КЈП „Водовод“ за да набави морски алги за третирање на комуналната депонијата кај селото Бели. Тоа е еден од заклучоците по расправата на денешната седница на Советот на Општината, а што по барање на неколкумина советници беше вметнато како приоритетна точка на дневниот ред.

Во образложението на барањето беше нагласено дека состојбата е алармантна и премногу долго се чека на решение, додека загадувањето на воздухот што го предизвикува чадот од запалениот отпад го загрозува здравјето на сите граѓани.

Градоначалникот Љупчо Папазов нагласи дека комуналното претпријатие и Општината имаат ограничени ресурси за справување со проблемот што дополнително се усложнува поради доцнењето на проектот за изградба на регионалната депонија кај Свети Николе, а со кој отпадот од соседните општини веќе се донесува на депонијата кај Кочани.

-Една од слабостите што произлегува обврските што ги презедовме со проектот е што не е утврден надоместок за депонирање на отпадот од другите општини. Тоа е едно од прашањата што треба да се реши заради натамошното финансирање и справувањето со проблемот. Изградбата на регионалната депонија, како проект со европска поддршка, доцни 12 години и тоа ќе биде актуелно и за новата Влада. Во период од две години имавме две посети од евроамбасадорот при што едно од клучните прашања беше реализацијата на проектот за затворање на депониите. Не смееме да го прекинеме процесот затоа што е од голема важност и за Источниот и за Североисточниот регион, истакна градончалникот Папазов.

Чадењето и загадувањето на воздухот од запалената депонија кај Кочани неколку месеци се главна тема во локалната, но и во пошироката јавност, која бара брза реакција од надлежните. Комуналното претпријатие „Водовод“ се соочува со презадолженост од околу еден милион евра и не е во можност само да ги набави морските алги за третман на депонијата, поради што со помошта од општинскиот буџет привремено ќе ја намали неповолната еколошка состојба.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијакјп „водовод“општин кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“
Кочани

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“

автор: Т. Ајтовски
16 јули, 2025
0

Без поддршка во Советот на Општина Кочани остана предлогот за измена на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина  Кочани за 2025 година со...

прочитај повеќе
Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира
Кочани

Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира

автор: Т. Ајтовски
14 јули, 2025
0

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ изготви технички проект за изградба на спомен обележје на Пониква, а што ќе биде посветено на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
30°C
чисто небо
чисто небо
3 m/s, SW
34%
756.81 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?