Во ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница е отворен е Мултимедијален центар, а просторот е достапен за сите општински институции и е адаптиран за различни генерации.
Проектот „Реконструкција и адаптација на простории“ се спроведе со финансиска поддршка од Советот на Европа, во рамки на заедничката програма со Европската Унија – „РомАктед Фаза 2“. Придонес во финасискиот дел даде и Локалната самоуправа на Виница, како и бизнис секторот.

Директорот на училиштето, Горан Иванов истака дека во изминатите 50 години просториите служеле како подрум што бил нефункционален.
-Од еден полуподрумски простор кој што повеќе од 50 години не беше искористен, успеавме да направиме европски модерен Мулти-медијален центар и е на располагање на сите општински институции. Може да го користат претставници од младинскиот активизам, Здружението на пензионери – Виница. Учениците овде може да извршуваат повеќе работи, односно индивидуални и групни средби, предавања, презентации, дебати, конференции и многу други активности. Овде се наоѓа и библиотеката од каде нашите ученици ги позајмуваат книгите, се одржуваат часови по предметот Информатика, хорот и оркестарот во овие простории ги прави и своите проби. Иамме и катче за ученици со посебни потреби. Слободно може да кажам дека Мултимедијалниот центар е опремен со сè она што е потребно, истакна Иванов.

Проектот „Реконструкција и адаптација на простории“ е трет во низата програми што го спроведува Советот на Европа. Претходните два беа „Туторство за деца Роми од второ до четврто одделенние“, како и осветлување на игралиштето во Ромското маало.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.