Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Петков: За 2025 година планирани се рекорден број проекти во Виница

автор: Т. Ајтовски
18 декември, 2024 11:51
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Петков: За 2025 година планирани се рекорден број проекти во Виница

Во изминатите три години се соочивме со големи предизвици и наследени проблеми, заглавени и нефункционални проекти и неисплатени обврски на претходната локална власт, со период на постковид ситуација, со голема енергетска и економска криза, како и две ипол години на централна власт која немаше слух и еднаков третман за општините, вели градоначалникот на Виница, Миле Петков во освртот за реализираните активности во изминатиот период од неговиот мандат.

-И покрај сѐ, во овие три години во делот на сообраќајната инфраструктура реализирани се проекти за изградба реконструкција и рехабилитација на 30 улици и локални патишта во Виница и населените места Блатец, Градец. Истибања и Трсино во должина од 12 км, извршено е поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места Јакимово и Истибања на површина од пет илјади метри квадратни, а во предтендерска постапка е изградба и реконструкција на уште пет улици во Виница и населените места Јакимово и Црн Камен. Имаме склучено договор и за изградба и реконструкција уште на десетина улици во Виница и населените места Пекљани, Крушево, Блатец Липец, Градец и Лески. Реализирани се и проекти за доградба на филтер станицата за вода во Виница, реконструкција на дел од водоводната мрежа во Блатец, изградба и реконструкција на водоводната мрежа на 9 улици во Виница, изградба на фекална канализација во Липец и на четири улици во Виница, истакна Петков.

Во освртот ги нагласува преземените активности во заштитата на животната средина на територијата на општината.

-Затворена е комуналната депонија кај селото Лески и дивите депонии во Истибања, Блатец и Виничка Кршла, а набавено е специјализирано комунално возило за собирање отпад и машина за метење и одржување на хигиената на јавните површини. Инсталирани се фотоволтаични системи на административната зграда на Општина Виница, со поддршка од новата влада во тендерска постапка се два капитални проекти за регулација на речното корито на Градечка Река во должина од 700 метри, регулација на Виничка Река и партерно уредување на истата во должина од 750 метри, додава Петков.

За детската заштита и образованието во општина Виница досега биле остварени вложувања за отоврање сензорна соба за лицата со интелектуална и телесна попреченост, реконструкција на основните училишта во Виница, Истибања и Липец, на средното училиште и во двата објекти на градинката во Виница и објектите во Истибања и Блатец.

Во развојот на културата и спортот Општината поддржала низа важни манифестации и настани со што се поттикнува дружењето на младите.

-Реконструирани и пуштени во употреба се два капитални проекта од областа на културата и тоа старата Кино сала, која 20 години беше надвор од употреба, и Сината сала во домот на културата „Тошо Арсов“. За поддршка на културата и културни настани беа издвоени над 6 милиони денари, изграден е современ кошаркарски терен и теретана на отворено со над 8 милиони денари, а во делот на поддршката за млади формиран е Локалниот младински совет, нагласи Петков.

Осврнувајќи се на активностите во урбанизмот Петков го потенцираше донесувањето на неколку урбанистички проекти за изградба на капитални проекти и изработката на четири детални урбанистички планови во Виница и четири села, што се во завршна фаза.

-Во завршна фаза на изградба се два капитални проекти и тоа изградба на затворениот градски пазар и изградба на термоизолациона фасада на административната зграда на Општина Виница, а од програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија во предтендерска постапка е проектот за уредување на кејот на Градечка Река во урбаниот дел на Виница, во должина од еден километар. После подлг временски период успеавме да обезбедиме донација на две специјализирани противпожарни возила и опрема за пожарникарите, финансиски и логистички е поддржано Доброволното противпожарно друштво, а за поддршка на невладините организации и социјално загрозените семејства одвоивме финансиски средства во износ од над 3 милиони денари, додаде Петков.

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Виница, како и со поддршката од Владата тој најави засилено темпо на работење за да се создадат подобри услови за живот и Виница да стане пристојно место за живеење.

-Успеавме да реализираме голем дел од проектите кои беа дел од нашата програма и од потребните на вас, граѓаните на Виница. Верувам дека ги подобривме условите за живот на граѓаните, како во градот, така и во населените места. Затоа пак, наредната година со поддршка на новата централна власт очекувајте рекорден број на проекти во историјата на општина Виница, заклучи градоначалникот Петков.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: миле петковопштина виницаотчет

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
16°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
52%
769.57 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?