Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пет години жителите на Горни и Долни Подлог и Мојанци чекаат градскиот автобус да вози и до нивните села, доставија ново барање до Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 март, 2025 15:25
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пет години жителите на Горни и Долни Подлог и Мојанци чекаат градскиот автобус да вози и до нивните села, доставија ново барање до Општина Кочани

Повеќе од пет години поминаа од иницијативата на жителите од Горни и Долни Подлог и Мојанци за поврзување на нивните населби со градскиот автобуски превоз до Кочани. До администрацијата во Општина Кочани веќе доставиле и две писмени барања, поткрепени со над 500 потписи собрани со петицијата што ја организираа во 2020 година.

Во образложението на иницијативата стои дека со тоа ќе се обезбеди редовен, поевтин и лесно достапен превоз за околу 1.300 жители, колку што според пописот од 2021 година, живеат во трите населени места.

-Не сме рамноправни со другите жители во општината, на пример во Оризари, каде е многу подалеку, а имаат линија во самото село. До кај нас е многу блиску, линијата запира горе, во индустриската зона, треба само да помине на кружниот тек и да се симне во нашите места. Два пати во денот е сосема доволно, за да бидат информирани луѓето и да патуваат со превозот, истакна Ружа Стојмилова, подносителка на иницијативата.

Пред нешто повеќе од еден месец жителите на трите села доставиле ново писмено барање до Општината, а на последната седница на Советот имаше и советничко прашање до администрацијата.

-Неколку години ова барање е константно доставувано и е во фиока. Ве молам на граѓаните од овие села да им биде доставен одговор за ова барање, истакна Душанка Ѓорѓиева Трпевски, член на Советот на Општина Кочани.

Потребата од градски автоубски превоз особено се однесува за повозрасните жители од трите села кои имаат потреба од лекарска и друга помош, а користењето такси превоз до Кочани и назад ги чини околу 500 денари.

-Повеќето се стари, жени останати сами без семејства и децата им се во странство, а немаат доверба со секого да се превезуваат. Дури се изложуваат на голем ризик, поминуваат низ жицата, горе на автопатот, за да поминат и да се качат во автобусот. Не само нивниот живот што го ставаат во опасност, туку и животот на тој што вози по автопатот. Таму се вози брзо, не може веднаш да застане, а ние во поодминати години знаете како се движиме, додаде Стојмилова.

Видливи се оштетувањата на оградната мрежа, која дури е и остранета на местото каде што жителите го поминуваат експресниот пат за да стигнат до постојката на која застанува градскиот автобус во индустриската зона. За среќа, до сега немало посериозни последици, но опасноста останува.

Пред неколку години, кога ја доставиле иницијативата, жителите добиле одговор од општинската администрација дека од финансиски аспект не постојат пречки, односно од буџетот можат да се издвојат средства за субвенциионирање на возниот билет. Сепак, неопходни биле технички усогласувања, односно обезбедување сообраќајна дозвола за превозникот за продолжување на линијата, определување на точните локации за постојките, утврдување на возниот ред  и слични детали што требало да се разгледаат со сообраќaјната инспекција и со МВР.

Последниот договор што Општина Кочани го потпишала со давателот на услугата за градскиот превоз е склучен во март минатата година и е со важност од две години. Токму затоа, жителите од трите рамничарски села повторно ја поднеле инцијативата, за да има време целата процедура да се заврши пред локалните избори, со надеж дека новата локална власт ќе го исполни нивното барање.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: автобуски превозгорни подлогдолни подлогмојанциопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NNE
65%
771.07 mmHg
fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05 tue10/06
чисто небо
22/11°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
облачно
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?